Ледената Македонка Бетика ужива на одмор во Занзибар - танга бикини, дружба со гигантски желки (фото)
- Детали
- четврток, 10 август 2023
„Ако некој ми речеше дека после Лапонија ќе завршам во Африка, сигурно ќе им се изнасмеев и ќе ги прашав дали сте нормални, нема шанси да издржам на тоа жешко“, вели Бетика, позната како ледената Македонка, за одморот во Занзибар.
Бети Котовчевска од Ресен, по професија нутриционист, позната е како Бетика – ледената Македонка.
Таа го следи примерот и делото на Вим Хоф, екстремен холандски атлетичар, кој е светски познат како Ледениот човек (The Iceman) и постојано се изложува на екстремно ниски температури.
На Бетика омилено ѝ е капењето во ледени води, а неодамна повторно беше во својата омилена Лапонија и таму постигна нов личен рекорд.
Сега, Бетика ужива на поинаков начин, овојпат е на релаксирачки одмор на Занзибар, каде се капе во потопли води, поточно во Индискиот океан.
Таа ужива со сончање, истражување на островот, но и дружба со животинскиот свет, меѓу кој и гигантски желки стари по повеќе од 150 години.
Таа на својот Инстаграм профил напиша:
„Ако некој ми речеше дека после Лапонија ќе завршам во Африка, сигурно ќе им се изнасмеев и ќе ги прашав дали сте нормални, нема шанси да издржам на тоа жешко.
Еве ме сега, го уживам секој занзибарски здив и го пронаоѓам балансот на животот.
Кога тргнав бев уплашена и си поставував милиони прашања...
Но, си реков: Ако можам на минусни температури, можам и во топли краишта. И така би! Се чувствувам како во сон, на секој ќош (љ)убавина“.
Прочитајте и Запознајте ја ледената Македонка Бетика - крши мраз и плива, се капела во Лапонија на -33°C (фото)
С. С. | Црнобело