Инфлуенсерката Даниела Ѓуровска објави фотки како го дои синчето: „Доењето е најчистото нешто што една жена може да го доживее“
- Детали
- понеделник, 07 август 2023
„Во моментот кога мојот син Давуд лежеше на мојот образ и силно плачеше веќе ништо не ми беше важно, само тој да е добро. Неверојатно е како по пораѓајот целосно ми се промени перцепцијата за женското тело. Сфатив како доењето е најчистото нешто што една жена може да го доживее, но од друга страна недоволно се разговара на оваа тема и колку целото искуство може да биде стресно...“, гласи дел од искрената објава на Даниела Ѓуровска.
Модната инфлусерка Даниела Ѓуровска откако се реализираше во улогата на мајка, отворено говори за тоа како изгледа нејзиното секојдневие сега, со какви предизвици се соочува, а сега се огласи и на тема доење.
Таа сега објави и фотографии на кои го дои својот син Давуд.
Во нејзините искрени статуси ќе се пронајдат многу жени.
Дел од нејзините објави на Инстаграм:
„Mожам да кажам дека бев тотално неспремна за она што ме очекува во улогата на мајка од оваа дистанца.
Не бев сигурна како ќе се одвива породувањето, иако ме советуваа и слушав краток курс. Ниту знаев дали ќе успеам да се породам природно како што сакав, а најмалку пак за тоа што ќе си донесе со себе.
Во моментот кога мојот син Давуд лежеше на мојот образ и силно плачеше веќе ништо не ми беше важно, само тој да е добро.
Неверојатно е како по пораѓајот целосно ми се промени перцепцијата за женското тело, за она што можеме како жени да издржиме и создадеме. Колку сите стереотипи се неважни и за тоа колку самиот процес на доење е најчистото нешто што една жена може да го доживее.
Од друга страна, сметам дека недоволно се разговара на оваа тема и колку целото искуство може да биде стресно.
Би сакала да чујам што имате да споделите, верувам дека е здраво да се разговара на овие теми, а од друга страна и вашето искуство може да биде она што на една мајка ѝ е потребно да го слушне.
Среќно бебе, среќна мајка? Јас би рекла и среќна мајка, среќно бебе!
Не сум сигурна дали едното е „поважно“ од другото, тоа е еден процес во кој едно без друго не може.
Доброто ментално здравје на мајката е причина плус за среќно бебе.
Многу често непроспиените ноќи, деновите поминати во плачење, грчеви и слично нѐ доведуваат до сомнежи дали ги правиме работите правилно, дали ги исполнуваме критериумите на „добра мајка“, дали е детето доволно нахрането, дали плаче бидејќи нешто не е во ред иако сѐ направив „како што треба“...
Но, тоа го потегнува и прашањето, дали по секоја цена треба целосно да се промениме поради улогата на мајка? Јас би рекла не.
Уште од прв момент кога дојдовме дома со Давуд сфатив дека морам да задржам некоја од своите рутини во новото секојдневие за да не се „изгубам“ во она што е за мене, а верувам и секоја мајка - нов свет“.
С. С. | Црнобело