Драган Таневски: „Кукле, можеш да купиш вештачки трепки, скапи, свилени - но тоа нема да ти ги направи очите убави “
- Детали
- петок, 04 август 2023
„Можеш да купиш вештачки трепки, кукле, скапи некои, свилени... Врз нив да ставиш некои скапи и модерни сенки и шминки... Но тоа нема да ти ги направи очите убави. Убавината на очите доаѓа однатре, кукле. Од срце полно со убави нешта...“, гласи дел од виралната објава на македонскиот писател.
Македонскиот писател Драган Таневски постојано на својот Фејсбук профил споделува објави со зборови скинати од душа, кои вирално се споделуваат.
Па, така беше и деновиве.
Неговата моќна објава гласи:
„Можеш да купиш вештачки трепки, кукле, скапи некои, свилени... врз нив да ставиш некои скапи и модерни сенки и шминки... Но тоа нема да ти ги направи очите убави.
Убавината на очите доаѓа однатре, кукле. Од срце полно со убави нешта.
Затоа, ако сакаш да имаш убави очи, почни да си го полниш срцето со убавини. Со многу зајдисонца, и уште толку изгрејсонца.
Научи да им се радуваш на нештата што те опкружуваат... Не, уште повеќе, стани дел од нив.
Научи да се радуваш на подадена рака, на искрена насмевка, на боите, на живиот свет, на звуците.
Научи ја играта на палавите букви и зборови од страниците на книгите. Играј со нив. Играј брканица и криенка со нив по редовите и страниците.
Плачете и смејте се заедно. И впуштај се во авантури. Не, повеќе од тоа... стани авантура.
Научи да допираш така што сѐ ќе оживува под твоите прсти. Така се преполнува срцето кукле. А преполнето срце извира на очи, па и тие стануваат убави и пожелни за гледање.
Не за сите кукле, не за сите. Дека сите не се разбираат од очи.
Но има едни, оддалеку ќе знаат. Со еден поглед ќе знаат кукле. А ќе знаеш и ти. И ќе се сетиш тогаш што сум ти зборувал. Тогаш ќе ме разбереш“.
Можеш да купиш вештачки трепки, кукле, скапи некои, свилени... врз нив да ставиш некои скапи и модерни сенки и шминки......
Posted by Dragan Tanevski on Sunday, July 30, 2023
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com