„Таа е меѓу државите со најмногу планини на светот“ – Не, не е Швајцарија, Македонија е (видео)
- Детали
- сабота, 05 август 2023
„Ова е држава со најмногу планини на светот. Можеби си помисливте на Швајцарија? Сепак не, се работи за Македонија“, се вели во видео-прилогот на TRT Balkan, а во кој се споделени уште неколку занимливости за нашата земја.
Мелида Мустафиќ, продуцентка на регионалната телевизија TRT Balkan од Босна и Херцеговина, направи интересен прилог од скоро 2 минути за историјата, архитектурата и природните убавини на нашата Македонија.
Таа на интересен начин сподели информации за некои он најинтересните занимливости од земјава:
„Дали знаете дека тука се наоѓа најголемиот крст во Европа? Тоа е Милениумскиот крст на планината Водно во Скопје.
На сите ни е познато Охридското Езеро. Но дали знаете дека тоа е најстарото и најдлабоко езеро во Европа? Старо е преку 4 милиони години, а UNESCO го прогласи за природно светско наследство.
Еве уште една занимливост: Пештерата што е номинирана за едно од седумте светски чуда, се наоѓа на 15km од главниот град Скопје. Пештерата Врело е најдлабоката подводна пештера на светот.
Македонија е меѓу 10-те држави во светот со најмногу планини, а тие покриваат 85% од територијата на земјата.
А знаевте ли дека опиумот со 14 единици морфиум, кој се произведува тука, е најмоќен на светот?
Македонија е колевка на различни култури и цивилизации, па едно време била дел од Османлиското царство, кое зад себе ја оставило преубавата Шарена џамија во Тетово – таа се смета за еден од најрепрезентативните примери на исламската архитектура.
Што правеле луѓето пред интернетот во Македонија? Можеби гледале во ѕвездите.
Во Македонија се наоѓа најстарата опсерваторија на светот која датира од 19-тиот век пред новата ера. Тоа е Кокино, а го призна и НАСА“.
„Кои занимливости ги знаете вие за Македонија?“ вели на крајот на прилогот новинарката.
По ова, таа доби интересни одговори:
„Во Македонија е создадена и азбуката – Кирилица.“
„Убаво надополнување е прекрасното Мавровско езеро, камените кукли во близина на Кратово, кањонот Матка, огромниот природен рибник Дојранското Езеро, незаборавните глетки со над 6.000 пеликани во Преспанското Езеро.“
„Охрид има 365 цркви и манастири по една за секој ден“, се дел од коментарите.
Гледајте го видеото:
Ovo nismo znali: Severna MakedonijaOvo je država sa najvišim planinama na svetu. Možda ste pomislili na Švajcarsku? Ipak ne, reč je o Severnoj Makedoniji. A evo i ostalih zanimljivosti o njoj. #SevernaMakedonija #zanimljivosti
Posted by TRT Balkan BHSC on Sunday, July 30, 2023
А. Ј. | Црнобело / фото: Deposiotphotos