Игор Џамбазов со емотивна објава за 81-иот роденден на мајка му Анче: „Ми купуваше подароци за нејзиниот роденден“
- Детали
- четврток, 03 август 2023
„Денес ќе наполнеше 81 година. И сигурно ќе ми купеше подарок. За нејзиниот роденден“ – напиша Игор Џамбазов во дел од објавата по повод роденденот на неговата мајка Анче Џамбазова.
Македонската актерка Анче Џамбазова нѐ напушти на 30-ти септември во 1997-ма година, а да беше жива, денес (03.08) ќе наполнеше 81 година.
Нејзиниот син, Игор Џамбазов по тој повод сподели објава на Инстаграм на која во заднина се гледа фотографијата од неговата мајка во младоста, а во описот откри каква била семејната традиција за нејзиниот роденден:
„Анче моја. Денес ќе наполнеше 81 година. И сигурно ќе ми купеше подарок. За нејзиниот роденден. Подарок за неа беше мојата среќа...“
На објавата на Игор коментираше и неговата сестра Тања Џамбазова, која не штедеше на пофалните зборови за нејзината мајка.
„Мамица. Не ми се верува дека ќе беа 81. Засекогаш ќе остане млада за мене.
Вешта како змеј, љубопитна, неуморна, со искрен интерес да ги разбере другите, а во исто време приватна и ненаметлива со своите маки.
До ден-денес немам интернализирано дека ја нема“ – напиша таа.
Б. С. Б. | Црнобело