Kсенија Николова: „Ве молам, не зборувајте за депресијата како да е тага која повремено им се случува на сите“
- Детали
- сабота, 05 август 2023
„Депресијата е сериозна ментална болест што треба се третира и лекува од страна на стручно лице. Минаа четири години откако јас побарав помош и ја победив депресијата. Оттогаш, сѐ е различно“, гласи дел од виралниот статус на писателката Ксенија Николова.
Ксенија Николова (35) е наша писателка која преку зборови совршено ги преточува своите емоции.
Таа веќе години наназад отворено говори за борбата со неплодноста низ која минува, но зборува и за соочувањето со депресијата, а и како се изборила со тоа.
Во нејзиниот искрен статус ќе се пронајдат многумина:
„Ве молам, не зборувајте за депресијата како да е тага која повремено им се случува на сите.
Тоа не само што не е точно, туку е и навредливо за оние кои ја почувствувале на своја кожа.
Депресијата е сериозна ментална болест што треба се третира и лекува од страна на стручно лице.
Депресијата не бира место, време, возраст, занимање или животни околности.
Депресијата е рамна линија по која едвај одиш и многу лесно можеш да се лизнеш.
Депресијата одзема животи.
Ве молам, не ја намалувајте нејзината важност и сериозност, зашто така никому не помагате.
Доколку знаете некој околу вас за кого се сомневате дека е во депресија, охрабрете го да побара помош, понудете му поддршка и разбирање.
Тоа честопати живот спасува.
Минаа четири години откако јас побарав помош и ја победив депресијата. Оттогаш, сѐ е различно.
Знам дека имав среќа, затоа сакам да бидам што погласна на оваа тема.
Не сте сами.
Барајте помош, зашто победата е возможна“.
Ве молам, не зборувајте за депресијата како да е тага која повремено им се случува на сите. Тоа не само што не е точно,...
Posted by Ksenija Nikolova on Tuesday, August 1, 2023
Прочитајте и Ксенија Николова со фотка од болница по 5-тиот неуспешен обид за ин-витро: „Уморна сум од борбата, но јас останувам среќна индивидуа“
С. С. | Црнобело