Првиот емотивен говор на Лила Филиповска за борбата со ракот: „Плачев само двапати, периодот на дијагноза ми беше најтежок“

Кога ми падна косата мислев ќе плачам, се погледнав и викам тоа е тоа, жени намерно се шишаат ќелави и шетаат така. Убава сум, ништо не ми фали, ќе си ставам перика и никому ништо.

Така и беше – си ставив перика… Јас не кажував јавно низ што минувам, ми требаше време за сама себе, не сакав да ја споделувам тагата со никого, не ми се правеше муабет.

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-07.jpg

Но, јас сум јавна личност, се сликам и почнаа гласини дека тука се случува нешто и имаше коментари: „Кој, Лила рак на дојка - нема шанси. Гледај ја таму по Турција, по плажи се слика. Вие знаете ли што значи болен од рак?“

Ако некој ти каже дека имаш рак, треба да лежиш, да боледуваш и да повраќаш по хемотерапија, па тогаш тоа ќе го правиш. Но, јас не размислував воопшто на тоа, јас размислував како да се излечам, ги броев хемотерапиите, чекав што побрзо да поминат. Зрачењата да поминат, сè чекав брзо да помине.

И да се вратам на периката... Имаше многу коментари и наслови „Лила носи перика“, што на мене ми е многу некултурно и невоспитано. Но, потоа од долу коментари „Ма носи перика од бес, веќе не знае што да направи со себе“, па друг „Дајте не зборете Лила прима хемотерапии слушнав од комшиката“, „Не бе глупости какви хемотерапии“…

И мене тоа ми беше комплимент, јас така сум успеала оваа измината година да ја поминам на нозе и најстандардно и мене ми беше комплимент и јас сум доволен доказ дека болеста не треба да се доживува како крај на светот.

Која и да е болест, иако канцерот е најпромовирана како болест по холивудските филмови - сите од канцер умираат, но, секој втор човек умира од нешто друго, а не од канцер.

Само сакам да кажам дека ми беше драго дека успеав луѓето да не веруваат дека минувам низ тоа, сè додека јас пред месец дена не проговорив отворено и кажав дека бев ќелава и сега мојата коса порасна.

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-10.jpg

И имав сериозна дијагноза, немојте да мислите дека тоа беше нешто полесно, сериозна дијагноза, но кога си во умот силен, тогаш со него ќе поместиш и планини.

Во семејството имав рак, татко ми почина од рак на хранопровод, но различни се, а рак на дојка немав во семејството. Но, постојано слушав за такви случаи и велев „Боже ова е епидемија, не е ковидот епидемија, епидемија е ракот на дојка“.

Тврдам, дека ме промени мене, ми се случи таква хаварија од животот, но навистина не ми ја намали, туку ми ја зголеми мојата вредност како човек, особено затоа што оттогаш, па наваму, јас без тоа јавно да го правам, јас помагам кога ќе ми се јават, ќе ми пишат и им кажувам како сум поминала за да дадам сила. Друго е кога некој ќе ви каже: „Да, јас го поминав тоа“.

Мислите дека мене затоа што ме има на телевизија и мислите дека сум родена нашминкана и на штикли, па мене такво нешто не може да ми се случи и дека мене животот ми е песна.

И затоа Господ ги дава овие битки на луѓето како нас, сигурна сум имаме некаква мисија и баш така си кажав, јас сум во мисија да помогнам, има уште многу емисии да се снимаат, сакам да живеам, да се шетам, да уживам и тоа е она што многу ми помогна во целиот овој процес.

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-04.jpg

Најтешко во процесот е кога ќе ја примиш дијагнозата и додека да почнеш да се лекуваш. Кога ќе почнеш да се лекуваш сè е полесно, знаеш што треба да правиш, операција треба, сега што следува и така натаму...

Јас гледав комедии, читав интересни книги, се дружев со луѓе што ме смееле, како што е мојот другар Спасе, кој е сега тука со мене, и по цела вечер гледав ситкоми како „Friends“ и тоа многу ми помогна.

До пред некое време немав желудник да гледам ништо што има врска со патење.

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-11.jpg

И не се само лекарите и терапијата, духовната димензија е многу важна, односно молитвата. Мора да ви кажам, не е важно дали верувате во Господ, но молете се и имајте нешто свето. Универзумот, небото или кој и да е. Тоа го научив на хемотерапија.

Другари сите со мене, но сфатив дека јас сум таа што ја дава раката и што ја прима хемотерапијата. Залудно дошле 100 луѓе, ти и Бог, ако веруваш е добро - мене тоа многу ми помогна.

Јас и претходно бев онаа Лила којашто сакав да бидам без разлика дали правам нешто погрешно или правилно. Сега, тоа што се смени е што си давам малку повеќе време за сама себе, кажувам малку повеќе НЕ, порано велев: „Еј нема смисла тој ќе се налути“ итн. Сега повеќе не е така. Но, јас го правам тоа и сум дел од јавниот живот затоа што ме прави среќна.“

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-18.jpg

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-14.jpg

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-12.jpg

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-06.jpg

najemotivniot-govor-na-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-plachev-samo-dvapati-periodot-na-dijagnoza-beshe-najtezhok-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Лила Филиповска за ракот на дојка: „На син ми му реков - Канцер е, но ќе го средиме, немој да се сек... „Дијагнозата е најтешкото нешто, затоа што кога ќе се каже канцер, како да ти ка...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Лила по погребот на Зоки Фаци: „Денес те испратив во твојот вечен дом онака како што доликува, досто... „Знам дека не сакаш патетики, па затоа нема да бидам. Патувај Зоки, патувај таму...
Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
Лила ја обожава новата песна на Антониа - Вирално видео од нивниот заеднички танц во гардероба Лила и Антониа воодушевија со заедничкото видео на Инстаграм каде што играат и г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg