Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус (59) деновиве е среде секс-скандал, откако продуцентката Лејла Кешиќ го обвини за сексуално вознемирување и злоупотреба. Музичарот ги негира овие обвинувања, иако вели дека јавноста веќе го осудила и решила дека тој е виновен. Сепак Рамбо Амадеус не е имун на скандали - ја изневери сопругата повеќе пати, јавно се караа и миреа, а откако се разведоа, таа се омажи со неговиот кум.