30 години откако ја избодеа со нож, Моника Селеш насмеана и среќна – ретко појавување на тенисерката која не старее
- Детали
- понеделник, 20 март 2023
„Траумата од пред 30 години конечно не се познава на лицето на Малата Мо. Таа е конечно среќна и насмеана. Уште е истата Моника што светот ја сакаше пред три децении кога беше на врвот на светскиот тенис“, пишуваат медиумите. Како изгледа денес Моника Селеш, една од најдобрите светски тенисерки, која ретко се појавува во јавност? Таа е во брак со милијардерот Том Глисан кој е 32 години постар од неа
Некогаш најдобрата светска тенисерка, Моника Селеш, не се појавува често во јавноста, откако пред 30 години ја избодеа со нож на турнир во Хамбург, Германија.
Но, тенискиот турнир во Индијан Велс оваа година беше доволна причина Селеш да дојде на трибините и да предизвика вистинска сензација и за посетителите и за фановите и медиумите.
Насмеана, во друштво на бизнисменот и сопственик на турнирот во Индијан Велс, милионерот Лери Елисон, Селеш делува како да ужива во секој момент поминат покрај теренот.
Селеш го гледаше мечот меѓу Карлос Алкараз и Феликс Огер-Алиасимо.
Селеш, како и во нејзината младост, имаше дискретна шминка и носеше спортска облека.
„Траумата од пред 30 години конечно не се познава на лицето на Малата Мо. Таа е конечно среќна и насмеана. Уште е истата Моника што светот ја сакаше пред три децении кога беше на врвот на светскиот тенис“, пишуваат медиумите.
Ниту фановите не штедат комплименти за изгледот на 49-годишната Селеш, па велат дека тенисерката не старее, но и дека видно ослабела од времето кога последен пат се појави на некој настан.
Селеш со години живее повлечен живот, далеку од јавноста и медиумите. Ретко објавува фотографии на своите социјални мрежи.
Таа и понатаму, повремено игра тенис и настапува на ревијални натпревари, а повремено присуствува на важни тениски настани.
Моника е во брак со милијардерот Том Глисан кој е 32 години постар од неа. Парот живее на Флорида.
Иако Селеш пред неколку години изјави дека сега е посреќна од кога било, призна дека патот до среќата траел долго по трагедијата што се случи на 30 април 1993 година, кога Гинтер Пархе, навивач на Штефи Граф ѝ забоде нож во грбот.
Инцидентот во директен телевизиски пренос го виде милионска публика од целиот свет.
Кратко по операцијата, Селеш со приватен авион беше пренесена во САД на лекување и рехабилитација.
Физичкото заздравување траеше две недели, но ѝ беа потребни две години за ментално да закрепне.
Таа по две години се врати на тенисот, но веќе не беше истата.
Подоцна изјави дека поради немилиот настан се борела со нарушување во исхраната, почнала да се прејадува и дека се срами од тој факт. Се бореше и со депресија, но излезе како победник.
А. Ј. | Црнобело