Николина Пишек ја отвори душата за смртта на сопругот: „Планиравме нов почеток, требаше да побегнеме од Белград“
- Детали
- понеделник, 20 март 2023
„Сѐ уште има утра кога се будам и не сфаќам што се случи и колку работите се променија. Се трудам никој да не ја забележи мојата тага“ – хрватската водителка Николина Пишек, речиси една година по ненадејната смрт на сопругот, ја отвори душата и прозборе за најтешкиот период во нејзиниот живот.
Познатата хрватска водителка Николина Пишек минатата година остана без сопругот Видое Ристовиќ, кој ненадејно почина за време на масажа.
Во медиумите со месеци се провлекуваше приказната за нејзиниот конфликт со свекорот Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, а сега речиси една година подоцна, таа собра сила и отворено зборуваше за најтешката година во нејзиниот живот.
Во интервју за Slobodna Dalmacija, Пишек зборува за најтешката година во својот живот, за тоа како се носи со последиците од неочекуваната смрт на сопругот, но и за неостварените желби и планови.
„Со тоа никогаш не се носите најдобро. Не постои губиток со којшто можете да се носите добро. Загубата е загуба.
Мој дополнителен проблем е што и по една година не успеав сè да испроцесирам.
Сѐ уште има утра кога се будам и не сфаќам што се случи и колку работите се променија“ – вели Николина и додава дека со оглед на тоа што сѐ ѝ се случува со огромна брзина, немала прилика да остане сама со себе и да се позанимава со сопствените емоции.
Како што вели, се труди никој, а особено не малата ќерка, да не ја забележи нејзината тага и болка.
„Сѐ беше неверојатно тешко. Тешко е да се најдеш на нов почеток.
Во моментот кога тоа се случи требаше да се преселиме во нов животен простор, бевме среќни заради иднината пред нас далеку од некоја токсична средина што видовте дека нѐ опкружуваше во Белград.
За жал не успеавме.
Во оној миг кога се радував на еден поубав почеток, се случи еден сосема поинаков.
Навистина сѐ морав да почнам одново. Тоа е мошне тешко. Да собереш сила додека јавноста и медиумите го анализираат секој твој чекор, гест, минато, сегашност, иднина, имотна состојба...
Сите имаа нешто да кажат, а никој не беше на моето место. Тој притисок од јавноста можеби беше најмалку тежок. Би било полесно да го немаше и сѐ да се одвиваше во некоја тишина. Реалноста е многу потешка од тоа“ – додаде Николина.
За потсетување, Николина беше во врска со српскиот историчар на уметност Видое Ристовиќ од 2012-та година. Тие двајца направија свадба во Монте Карло, а заедно ја добија ќерката Уна Софија.
Прочитајте и Свадбата во Монте Карло чинела 400.000 долари, сака скапи часовници – кој е сопругот на хрватската заводничка Николина Пишек?
Б. С. Б. | Црнобело