Што прави Северина за на 50 години да изгледа како да има 20: „Задникот го одржувам со чучнувања, денот почнува со смути“
- Детали
- петок, 17 март 2023
„Вежбам рамномерно и не го оптоварувам целото тело. За задникот најдобри се чучнувањата. Многу сакам да јадам и можам многу да изедам, но се држам до правила“ – рече во една прилика хрватската пејачка Северина. Која е нејзината тајна за на 50 години да изгледа како да има 20?
Хрватската пејачка Северина честопати објавува фотографии на социјалните мрежи во кои го покажува своето извајано тело, на коешто би можеле да ѝ завидат и голем број помлади девојки.
Со оглед на тоа што пејачката веќе има 50 години, многумина се прашуваат како е возможно таа да изгледа како да има 20 години, без грам целулит, во што е нејзината тајна?
Северина и денес има иста телесна тежина како и во помладите години. Таа е висока 170cm, а тежи 55 килограми и носи конфекциски број 36.
„Одамна одлучив дека ќе го заштитам сопственото тело од токсини. Некако ми се чини дека сум на добар пат целосно да ги исфрлам од исхраната. Но, многу сакам да јадам и можам многу да изедам“ – призна таа во една прилика.
Но, изгледот на нејзиното тело е резултат на здравите навики на кои се придржува со години.
Северина е религиозно посветена на сопствениот изглед. Таа вежба шестпати неделно во последните 20 години, консумира пет помали оброци и пешачи барем половина час секој ден.
Фитнес тренерот на Северина откри дека нејзините витки нозе и цврстиот задник се резултат на серијата чучнувања, исчекорувањето и склековите.
„На сцената и на патувањата многу го трошам своето тело и морам да му се оддолжам со редовни тернинзи. Вежбам рамномерно и не го оптоварувам целото тело. За задникот најдобри се чучнувањата. Направете по 100 дневно и модната писта е ваша“ – рече таа во една прилика.
Таа во повеќе наврати зборувала за тоа што го јаде секојдневно, па во една прилика откри дека веднаш штом се разбуди пие смути од сезонско овошје и зеленчук, што ѝ дава сила и не ѝ дозволува да чувствува глад.
„Морков, цвекло, малини, јагоди, боровинки, капини, помешано понекогаш со бадемово млеко. Понекогаш ставам и малку банана за густина, но добро е и без банана“.
Што се однесува до нејзиното мени, Северина откри дека за појадок најчесто јаде по 3 јајца, за ручек парче риба, а за вечера овошје. Омилена храна ѝ е суши.
Б. С. Б. | Црнобело