Бившата жена се омажи за неговиот кум, продуцентка го обвини за сексуална злоупотреба: Рамбо Амадеус повторно во секс-скандал
Целата приказна за сексуалното вознемирување почнала минатата недела кога Рамбо Амадеус бил гостин во емисијата.
Тој како амбасадор на УНИЦЕФ требал да посети семејство од ранливи категории во Херцег Нови и да им понуди помош. Но, по снимањето на емисијата, продуцентката Лејла Кашиќ го обвини дека ја вознемирил сексуално.
https://www.instagram.com/p/CptOZBBIUld/
„Вчера на снимањето доживеав сексуално вознемирување од нашиот гостин, голема интелектуална, регионално призната и влијателна личност, амбасадорот на добра волја на УНИЦЕФ, Антоније Пушиќ, попознат под псевдонимот Рамбо Амадеус“, напиша Кашиќ.
Таа додаде дека за целиот случај го информирала УНИЦЕФ и дека ќе поднесе кривична пријава против музичарот.
„Тоа што ми се случи е недозволено. Секако дека ме нарекоа луда и глупача. По вербалната расправија, добив порака, која беше уште еден обид за манипулација, во која ми објаснува дека погрешно го сфатив неговото однесување и дека можеме да бидеме добри другари“, напиша Кешиќ на Инстаграм.
Таа апелираше до жените да не молчат кога се сексуално вознемирувани и да не се плашат од оние што сакаат да ја искористат својата моќ.
„Ретко кога сум се чувствувала збунето, немоќно и незаштитено како вчера. А потоа чувството прерасна во бес и лутина. На крајот во гадење и нервен слом.
Што треба да се случи за да се чувствуваме безбедно додека ги вршиме секојдневните задачи? До кога ќе слушаме што сме требале да направиме ние?
До кога мажите ќе мислат дека ги почитуваат жените ако реагираат само на вознемирувањето и насилството над нивните ќерки, сестри и мајки“, напиша Лејла на Инстаграм.
Брзо потоа со своја објава на Фејсбук се огласи и Рамбо, кој призна дека ја допрел, удрил по задникот, можеби и дека ја штипнал, но дека работите се извадени од контекст и дека во никој случај не станува збор за сексуално вознемирување.
„Сакам да го објаснам моето целосно недолично однесување кон новинарката Лејла Кашиќ. Додуша, ќе беше многу полесно ако кажеше што точно ми замерува, бидејќи во текот на денот имаше доста недоразбирања и несогласувања во нашата комуникација.
Ова личи на некои нејзини медиумски тактики, но дозволете ми да се обидам да ги набројам и да ги признаам сите мои погрешни постапки.
Ќе ја молам дотичната да ме дополни ако сум заборавил некој од злоделата“, ја почнува Амадеус својата приказна.
Музичарот вели дека цел ден додека снимале бил изнервиран и саркастичен поради фактот што правел нешто против себе и своите лични уверувања.
„Првично, се противев јавно да се снима семејство на кое му се помага и на тој начин да се жигосува во јавноста. Тоа ми изгледаше страшно сурово, не можев да сфатам дека некому му е кул и дека мисли дека така прави добро дело.
Површно ги гледав емисиите, не ни забележав дека семејството на кое му се помага е изложено пред медиумите. Гласно протестирав пред камерата, но бидејќи целата локална заедница веќе со нетрпение очекуваше да учествувам во тој хуманитарен настан, ме ставија пред свршен чин.
Немав друг избор освен да беснеам. На пример, поради тоа што продуцентот ја коригираше секоја моја реченица во врска со што било. Тоа мораше да се издржи.
Потоа поради бесрамното флертување и пренемагање кое ми одеше по нерви цел ден“, пишува Рамбо.
Рамбо вели дека колку и да делува хумано тоа што го прават, сепак социјално загрозените семејства се изложени на медиумите поради промоција на емисијата и спонзорите.
И додава дека тоа не е најголемиот проблем, туку фактот што е обвинет и јавно осуден за сексуално вознемирување и злоупотреба.
„Дозволете ми да прецизирам. Додека се приближувавме до куќата на социјално загрозено семејство, ја пипнав или плеснав по задникот или ја штипнав дотичната госпоѓа, сега појма немам. Нема врска со секс, барем не од моја страна.
Сакав некако да ја известам дека немам што повеќе да правам, дека ме доведе во понижувачка положба. Некој последен обид да се откаже од грубиот упад во приватноста на едно семејство. Несреќно артикулиран квази-другарски аларм.
Сексистички можеби, сексуален не.
Никој не го виде, не се бунеше ни таа, можев да демантирам, но мразам да лажирам. Јас не сум тој тип.
Точно, ја плеснав, допрев или штипнав (прашање за форензичко толкување) една секунда. Верувам дека има сателитски снимки кои можат да го потврдат тоа, денес секој сантиметар од планетата и онака е снимен“, вели Амадеус.
Тој раскажува и дека додека тој викал и пцуел во куќата на семејството, Кешиќ била смирена. Тоа се сменило по снимањето.
„На самата разделба, таа почна да демонстрира некаков театарски гнев и ме замоли да ѝ се извинам. Откако не доби задоволително извинување, доби хистеричен напад, толку силен што ѝ реков дека е луда и дека треба да се лекува. Тоа искрено го мислам и сега.
Сакам и да нагласам дека секој облик на насилство врз кој било, особено врз деца и жени, го сметам за неприфатлив и одвратен. Но, овде навистина не чувствувам дека сум бил насилен, туку дека сум го бранел сопствениот интегритет. Маж на нејзино место би направил полошо.
Знам дека сега медиумите ќе ме закопаат што не го прифатив доминантното социјално лицемерие и јавно се извинив. Не можам.
Мразам да се извинувам на личност која мислам дека е манипулативна, девијантна и злобна.
Секако дека ми е жал што ги изгубив нервите и допрев нешто што не треба да се допира без дозвола. Секако дека ми е жал што ги изгубив нервите и се нафрлив. Не беше во ред.
Им се извинувам на сите кои под притисок очекуваа поквалитетно однесување од мене. Се надевам дека оваа очигледна техничност во извинувањето е јасна“, завршува Рамбо.
MEA MAXIMA CULPA Povodom nesretnog, nemilog i neprijatnog dogadjaja u finalu snimanja epizode serijala “Dnevnica” ,...
Posted by Rambo Amadeus on Tuesday, March 14, 2023
По инцидентот, музичарот беше отстранет од местото Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.
https://www.instagram.com/p/CptOZBBIUld/?utm_source=ig_web_copy_link
Според црногорските медиуми, пак, продуцентката Лејла Кешиќ досега не поднела пријава против него.
А. Ј. | Црнобело