Бил роден во 6-иот месец од бременоста, останал слеп заради лекарска грешка – Интересни детали за Саша Матиќ

Бил предвреме роден, а во болницата била направена грешка заради која останал слеп. Но, хендикепот не го спречил да ги оствари своите соништа. Денес е еден од најпознатите српски фолк пејачи, а има семејство и две прекрасни ќерки – помалку познати детали за Саша Матиќ.

bil-roden-vo-6-iot-mesec-od-bremenosta-ostanal-slep-zaradi-lekarska-greshka-interesni-detali-za-sasha-matikj-01.jpg

Саша Матиќ е еден од најпознатите српски фолк пејачи, кој важи за доста популарен и кај нас во Мaкедонија.

Тој е музичар кој не дозволил хендикепот да го спречи да ги оствари сопствените соништа, а досега снимил повеќе дуети со некои од најпознатите балкански пејачки.

На приватен план, тој е оженет со убавата Анѓа Матиќ со која има две ќерки Александра и Тара, но тие се држат подалеку од очите на јавноста и публиката ретко има можност да види дека тие се вистински убавици.

За себе вели дека е мошне дисциплиниран кога станува збор за спортските активности и исхраната. Тој се труди да живее здраво, а кога е во Белград секое утро вежба.

За неговата животна приказна честопати се шпекулира, и иако многумина мислат дека тој и брат му Дејан се родени слепи, сепак вистината е дека слепилото настапило како последица на лекарска грешка.

View this post on Instagram

A post shared by S A Š A M A T I Ć (@sasamatic_official)

Саша и Дејан се близнаци кои се родиле во 6-иот месец од бременоста. Во тој период семејството на Саша и Дејан живеело во малото место Дрвар во БиХ, а мајка им се породила во Бихаќ.

Но, откако децата биле родени премногу рано, тие двајца биле префрлени во Загреб во инкубатори.

Само неколку дена откако се родиле, дошло до одредени проблеми со бебињата и двајцата останале слепи.

Иако никој не знае што точно се случило, пејачите претпоставуваат дека најверојатно станувало збор за лекарска грешка.

„Тоа е невнимание. Сега кој е виновен... Никогаш не сум се распрашувал кој згрешил. Дали згрешил лекарот или медицинската сестра, не знам. Тоа било предвремено породување. Но, сигурен сум дека било вклучено невнимание“ – рече во една прилика Дејан.

Сепак и покрај хендикепот близнаците имале мошне нормално детство и не дозволиле тоа да ги спречи да си ги оставрат соништата.

Уште кога имале 3 години, близнаците покажале дека имаат талент за музика. Нивниот татко купил хармоника за Саша, па тие заедно со Дејан поминувале со часови во музика.

Во 1985-та година, односно кога децата имале 5 години, семејството се преселило во Белград, со цел да им овозможат на Саша и Дејан да имаат подобра иднина.

Саша завршил нижо и средно музичко училиште на отсекот за пијано.

Иако сите се обидувале да го натераат да продолжи да се занимава со класична музика Саша останал истраен во тоа да се занимава со фолк музика.

Семејствата на Саша и на Аца Лукас биле мошне блиски, па така Аца му овозможил на Саша да гостува на еден негов концерт, каде го привлекол вниманието на публиката, а во 1997-ма година настапил во емисијата  „A, što ne bi moglo“ по што започнува неговата кариера.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Помалку познати факти за Петар Грашо – има луксузен комплекс со апартмани, Оливер Драгојевиќ го оттр... Сигурно знаете које Петар Грашо, но дали знаевте дека во последен мимент одлучил...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Ѝ оставал цвеќе пред врата, ја уценувале да се разведе од него – Бурната љубовна приказна на Јелена ... Како започна и како се заврши приказната на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ? Неког...
Партнерката на Милош Биковиќ објави фотка како го дои синот, актерот се жали дека деновиве сѐ се све... „Засега сѐ се сведува на плач. Плаче бебето, но плачам и јас“ – изјави Милош Бик...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg