Сопругата на Никола Роквиќ со искрена исповед за доењето: „Категорично одбив дохрана по третпат во породилиштето“
Моментално сакам да ве охрабрам ако сте во фаза да чекате бебе или сте се породиле, побарајте веднаш да ви го стават бебето на градите и верувајте ми дека кај мене сите три бебиња цицаа уште во породилната сала.
Искрено не ни верував дека имам млеко, но бебето цицаше и спиеше и мене тоа ми беше јасен знак дека со градите сè е во ред. Исто така, доењето по барање, наместо на секои 3 часа е клучот за моето успешно доење и клуч за мир во куќа.
Кога е гладна – јаде (која наука, нели).... Кога цица се прави млеко, кога не цица и прима дохрана, освен што потоа се мачите навечер со грчеви, вашето млеко не се произведува затоа што нема побарувачка.
Поентата е дека ја искомплициравме и наједноставната работа на светот. Млекото ви доаѓа и пред породувањето, не грижете се, има само 2% од жените кои од медицински причини не можат да дојат – останатите не знаат.
Овде, не им се обраќам на мајките кои не сакаат да дојат, тоа е нивен избор, се разбира. Туку им се обраќам на оние кои имаат дилема, се грижат, а имаат желба. Се надевам дека барем малку помогнав...“
С. С. | Црнобело