Бајковити родендени, скандалозен брак со Дарко Лазиќ: Како српската пејачка Ана Севиќ пронајде среќа?
- Детали
- сабота, 18 февруари 2023
Во бракот со поранешниот сопруг Дарко Лазиќ постојано имаше скандали околу негови афери со старлети, зависност од супстанции, скандали, а на крај следеше трауматичен развод, но сега Ана Севиќ ја пронајде среќата. Има 3 деца и сопруг кој прави сè за таа да биде среќна.
Фото: Инстаграм Ана Севиќ
Ана Севиќ (37) е српска пејачка и водителка која стекна популарност со учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а потоа и со скандалозниот брак и развод со 5 години помладиот пејач Дарко Лазиќ.
Со него ја има ќерката Лорена и по разводот имаа судски спор за старателството над ќерката, а потоа и околу неплаќањето на алиментација на Дарко за ќерката.
Инаку, Дарко се смета за еден од најскандалозните пејачи во Србија. По Ана имаше уште еден брак, дете и низа љубовни врски, но и сериозна автомобилска незгода, закрепнување, зависност од опојни супстанции итн.
Но, и во бракот со Ана имаше гласини за разни негови афери со старлети, проблеми и скандали, но и гласини дека кон крајот на нивниот брак и Ана впловила во врска со женет бизнисмен, чија сопруга доставила докази до Дарко за аферата, па тогаш дошла одлуката за крај на бракот.
Дарко Лазиќ
Но, Ана по немирите со Дарко, си пронајде свој мир со бизнисменот Даниел Недељковиќ.
Со него е од 2018 година, во 2020 ја добија ќерката Сена, а во 2021 година тајно се венчаа во црква и пред матичар, со мала церемонија со најблиските.
Потоа, добија уште едно дете, а со нив живее и ќерката на Ана од бракот со Дарко.
Ана во негово присуство е постојано насмеана и релаксирана, парот обожава патувања и организирање на бајковити родендени за своите деца. Неодамна беа на зимски одмор во Италија.
Извор близок до парот за српските медиуми вели:
„Даниел отсекогаш знаел како да ја изненади својата поубава половина и постојано го прави тоа. Тој никогаш не штеди кога е среќата на неговата сакана во прашање.“
Ана прави понекогаш паузи во кариерата, но секогаш ѝ се враќа на музиката, а меѓу нејзините песни е и соработката со Џала Брат и Буба Корели за песната „Делириум“.