Има ќерка, живее во луксузен стан во Белград – Како изгледа денес Лукијан Ивановиќ, кој беше во X-Фактор со Кајмакоски?
- Детали
- четврток, 16 февруари 2023
Се сеќавате ли на дечкото кој ја отпеа „Sve moje zore“ во X-Фактор на која Емина плачеше и беше хит заедно со Кајмакоски? Денес е толку променет, што веројатно не би го познале на улица. Среќно е оженет и со сопругата ја имаат ќерката Софија.
Лукијан Ивановиќ (30) од Србија, го запознавме како учесник во регионалното музичко шоу X-Фактор Адрија, во истата сезона кога се натпреваруваше и нашиот Даниел Кајмакоски.
Емина Јаховиќ му беше менторка и тој ѝ беше миленик, една од најслушаните песни кои ги отпеа во шоуто беше „Sve moje zore“ на која таа плачеше, а по завршувањето, сними неколку песни и еден самостоен албум.
https://www.youtube.com/watch?v=xujQjHq2bao
Тој беше популарен и кај нас, а сега е семеен човек, кој живее среќно со својата сопруга Милица и ќерката Софија.
Како што пишуваат српските медиуми, тој одлучил да се пресели со семејството во луксузен стан во „Белград на вода“.
Денес, очекувано, тој изгледа многу поразлично отколку во шоуто, па веројатно не би го препознале доколку го сретнете на улица.