„Ангеле мал“ - Трогателна исповед на српска инфлуенсерка што го изгуби бебето по породувањето

„Ангеле мал, од почетокот сè беше премногу добро за да биде вистинито. Не те планиравме, а ни стана центар на светот. Но, малиот немирко сепак одлучи дека е за некој подобар свет...“, започнува емотивната исповед на Марија Мандиќ (23).

angele-mal-trogatelna-ispoved-na-srpska-influenserka-shto-go-izgubi-bebeto-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-01.jpg

Марија Мандиќ (23) е српска инфлуенсерка со 91.000 следбеници, која за целата своја бременоста отворено споделуваше детали на Инстаграм, но сега откри дека, за жал, го изгубила бебето по породувањето во 9-тиот месец од бременоста.

angele-mal-trogatelna-ispoved-na-srpska-influenserka-shto-go-izgubi-bebeto-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-07.jpg

Таа објави емотивна и потресна исповед на нејзиниот Инстаграм профил.

Исповедта на Марија:

„Ангеле мал, од почетокот сè беше премногу добро за да биде вистинито.

Малиот немирко сепак одлучи дека е за некој подобар свет.

angele-mal-trogatelna-ispoved-na-srpska-influenserka-shto-go-izgubi-bebeto-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-02.jpg

За почеток, на сите би им посакала бременост каква што имав јас, па дури и породување.

Колку и да се трудев, цело време ова ми беше најголемиот страв и само се молев да си добро.  Дали е тоа инстинкт или не знам што, но со денови чувствував некој внатрешен немир и се убедував себеси дека си замислувам, но не било така, за жал.

angele-mal-trogatelna-ispoved-na-srpska-influenserka-shto-go-izgubi-bebeto-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-03.jpg

Само неколку часа нè делеа од најголемата среќа. Нè изненади летово, не те планиравме, а ни стана центар на светот.

angele-mal-trogatelna-ispoved-na-srpska-influenserka-shto-go-izgubi-bebeto-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-05.jpg

Се случи во вистинскиот миг и ме направи подобра, посмирена, пред сè позрела и ми покажа дека умеам да сакам.

Толку ти се радувавме и одбројувавме денови.

Се шегувавме дека можеби ќе се викаш Милоград Џуниор, дека ништо не ми е важно, само што побрзо да се родиш.

angele-mal-trogatelna-ispoved-na-srpska-influenserka-shto-go-izgubi-bebeto-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-10.jpg

Би лажела ако кажам дека моментално било што ми е некаква утеха. Велат дека Бог ги зема кај себе ангелите, а цел живот верувам дека всушност тие ме чуваа.

Ти, отсега си мојот најголем чувар, убаво мое момче (не дека си мој, но беше најубавото бебе кое некогаш сум го видела).

angele-mal-trogatelna-ispoved-na-srpska-influenserka-shto-go-izgubi-bebeto-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-06.jpg

Секогаш сум им се воодушевувала на жените кои минуваат низ ова и јас мислев дека никогаш не би можела, но всушност сите ние сме силни и можеме сè да поднесеме.

Те сакам и ти благодарам што ни ги разубави овие 9 месеци, па се гледаме еден ден.“

angele-mal-trogatelna-ispoved-na-srpska-influenserka-shto-go-izgubi-bebeto-vo-9-tiot-mesec-od-bremenosta-04.jpg

Повеќе фотографии од Марија на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Српска водителка со потресна исповед: „Суров доктор ми предвиде 10 години живот заради Адисоновата б... „Првиот проблем кој го имав во текот на целиот живот беше нискиот крвен притисок...
Србинка во 8-иот месец од бременоста критикувана за малиот стомак: „Се здебелив само 3kg и не, не ѕи... „Бебето ми тежи близу 2kg и не не сакам да родам бебе од 1.5kg само заради убави...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Била секс робинка во култ, татко ѝ е криминалец – Што знаеме за внуката на српската принцеза, Индија... Долго време никој не знаел кој ѝ е татко, а таа како дете на славна мајка спасот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg