„Ангеле мал“ - Трогателна исповед на српска инфлуенсерка што го изгуби бебето по породувањето
- Детали
- среда, 15 февруари 2023
„Ангеле мал, од почетокот сè беше премногу добро за да биде вистинито. Не те планиравме, а ни стана центар на светот. Но, малиот немирко сепак одлучи дека е за некој подобар свет...“, започнува емотивната исповед на Марија Мандиќ (23).
Марија Мандиќ (23) е српска инфлуенсерка со 91.000 следбеници, која за целата своја бременоста отворено споделуваше детали на Инстаграм, но сега откри дека, за жал, го изгубила бебето по породувањето во 9-тиот месец од бременоста.
Таа објави емотивна и потресна исповед на нејзиниот Инстаграм профил.
Исповедта на Марија:
„Ангеле мал, од почетокот сè беше премногу добро за да биде вистинито.
Малиот немирко сепак одлучи дека е за некој подобар свет.
За почеток, на сите би им посакала бременост каква што имав јас, па дури и породување.
Колку и да се трудев, цело време ова ми беше најголемиот страв и само се молев да си добро. Дали е тоа инстинкт или не знам што, но со денови чувствував некој внатрешен немир и се убедував себеси дека си замислувам, но не било така, за жал.
Само неколку часа нè делеа од најголемата среќа. Нè изненади летово, не те планиравме, а ни стана центар на светот.
Се случи во вистинскиот миг и ме направи подобра, посмирена, пред сè позрела и ми покажа дека умеам да сакам.
Толку ти се радувавме и одбројувавме денови.
Се шегувавме дека можеби ќе се викаш Милоград Џуниор, дека ништо не ми е важно, само што побрзо да се родиш.
Би лажела ако кажам дека моментално било што ми е некаква утеха. Велат дека Бог ги зема кај себе ангелите, а цел живот верувам дека всушност тие ме чуваа.
Ти, отсега си мојот најголем чувар, убаво мое момче (не дека си мој, но беше најубавото бебе кое некогаш сум го видела).
Секогаш сум им се воодушевувала на жените кои минуваат низ ова и јас мислев дека никогаш не би можела, но всушност сите ние сме силни и можеме сè да поднесеме.
Те сакам и ти благодарам што ни ги разубави овие 9 месеци, па се гледаме еден ден.“