Бака Прасе мета на онлајн напади, откако кажа дека не ја сака Турција – донираше, се извини, а Ања Бла го поддржа
- Детали
- среда, 15 февруари 2023
Бака Прасе предизвика револт и лавина од коментари кога рече дека „не чувствува никаква љубов кон Турција“ и говореше дека попрво би помогнал на некој во Србија, отколку во Турција. Како се справува со ситуацијата?
Јутјуберот Богдан Илиќ, познат како Баба Прасе, крена голема прашина и поттикна лавина од негативни реакции откако изјави дека „не чувствува никаква љубов кон Турција“ и говореше дека попрво би помогнал на некој во Србија, отколку во Турција.
Но, откако стана мета на критики Бака Прасе објави дека донирал 2.500 евра за засегнатите од оваа страшна несреќа во Турција и Сирија.
Бака Прасе со денови се бранеше од нападите, па пишуваше:
„Тоа што реков дека не ја сакам Турција, не значи дека ја мразам. Тоа што реков дека не ја сакам Турција, не значи дека не ми е жал за жртвите од земјотресот.
Тоа што реков дека повеќе ја сакам Србија, отколку Турција, не значи дека се радувам на нивната несреќа, туку дека несреќата на мојот народ повеќе ме боли.
Донирав и за Турција и за Сирија, за која никој не зборува, а и таму гинат деца под рушевините.
Во право сте несреќен народе... Но, на Турција дадов 2.500 евра, а на мојот народ ќе дадам 10 пати повеќе. Зарем за тоа треба да ми биде срам?“
Потоа, повторно се посвети на љубовната врска со својата девојка Ања Бла и се пофали дека ја има најжешката девојка.
Ања постојано е во друштво на јутјуберот, но и самата таа изгради мрежа на следбеници на Инстаграм од 781.000.