Мина, девојка од Србија со цистична фиброза, по 400 денови повторно во болница: „Животот ме потсети што добив во 2022“
- Детали
- четврток, 09 февруари 2023
„По 400 денови повторно моја нога зачекори во болничките кругови. Повторно почувствував болнички кревет и заспав на него. Самотија и 4 ѕида. Мирис на кисела зелка и невкусна храна. Нетфликс и кафе од автомат, како единствена утеха и задоволство...“, ја започнува својата емотивна исповед Мина Јуларџија (21) од Лесковац, Србија.
Мина Јуларџија е 21-годишна девојка од Лесковац, Србија со цистична фиброза, која 20-тиот роденден го славеше со торта „Сакам Трикафта“, а кратко потоа успеа да го добие лекот кој за неа, и за пациентите со оваа болест, живот значи.
Потоа, таа откри дека ја имала најубавата година во животот, дека во 2022 година ѝ се подобрил капацитетот на белите дробови, имала енергија за да сонува, шета и да ги реализира своите соништа, немала ниту една хоспитализација и конечно дишела.
За жал, по 400 денови, таа повторно заврши во болница, но вели дека сепак е благодарна што толку време не ја посетила болницата, за која вели дека пред лекот ѝ била дом во една третина од годината, секоја година од нејзиниот живот.
Со објава на нејзиниот Инстаграм профил Мина испраќа моќна порака:
„Што е цистична фиброза?
Страв и самотија.
Преку ноќ сè се менува и ти си исплашен.
Додека телото ти трепери oд страв, сите околу ти говорат: „Убава си како кукла, немој тоа убаво лице да го топиш во солзи.“
Тоа е последното што сакам да го чујам во овие мигови, но единствено тоа го добивам како одговор на сите мои прашања и стравови.
Да не беше Трикафта лекот, сигурна сум дека докторите би ми препишале уште една дијагноза – од гранката на ментални болести.
И знаете што? Во болницата не ти се најдобри пријатели семејството и љубовта. Најдобар пријател ти е кислородот и самиот ти!
После една година повторно се потсетив што е цистична фиброза и дека имам одговорност за лекот кој јас го имам – Трикафта, сите да чујат, да ве натерам да нè направите видливи и да апелирате до државните органи нас да нè видат, онака како што вие ме гледате мене.