Двапати се омажила за истиот маж, се борела со неплодност – Факти за актерката што ја играше Махидевран во „Сулејман Величествениот“
Во 2013-та година Нур стапила во брак со бизнисменот Левен Везироглу со кого по само 14 месеци брак (во 2015-та година) одлучиле да се разведат.
Но, два месеца по разводот, Нур која долго време водела борба со неплодноста, дознала дека е бремена и тоа ги натерало да ја обноват врската за доброто на детето и повторно да стапат во брак. Во 2016-та година заедно добија ќерка.
Но, по 5 години, во 2021-ва година, парот сепак одлучил дека е најдобро да се разведе и за 10 минути ставиле крај на брачната заедница.
Тие честопати се фотографирани заедно од страна на турските медиуми, а јасно е дека се во добри пријателски односи.
Неодамна во турските медиуми имаше шпекулации дека Нур наводно има афера со оженет турски бизнисмен, по што таа апелираше до медиумите да не пишуваат измислици, затоа што со тоа не ја повредуваат само неа, туку и нејзиното дете.
Б. С. Б. | Црнобело