Двапати се омажила за истиот маж, се борела со неплодност – Факти за актерката што ја играше Махидевран во „Сулејман Величествениот“
- Детали
- недела, 12 февруари 2023
Мајка ѝ потекнува од Косово, а одлучила повторно да се омажи со вториот сопруг откако дознала дека е бремена, по долгата борба со неплодноста – актерката што ја толкуваше Махидевран во Сулејман Величествениот е една од омилените актерки во Турција.
Турската актерка Нур Фетахоглу на македонската публика ѝ стана позната по улогата на Махидевран, првата сопруга на Сулејман Величествениот.
За разлика од Хурем Султан, Махидевран е онаа што кај публиката беше омразена, но тоа не важи и за актерката што ја толкуваше улогата.
Нур е една од омилените актерки во Турција, која се појавила во повеќе значајни ТВ серии и филмски проекти.
Нур е родена во Германија во 1980-та година, како едно од петте деца во семејството. Татко ѝ бил Турчин, додека мајка ѝ била Албанка од Косово.
Таа дипломирала во областа на модата и на дизајнот, а работела и како водителка на финаниските вести на турската телевизија Sky Turk.
Од 2007-ма година почнува да игра во турски телевизиски серии, а во 2011-та година станува најпозната по тоа што играше во филмот „Долина на волците - Палестина“.
Освен што привлекува внимание со своите улоги, Нур честопати е застапена во медиумите и заради приватниот живот.
Во периодот од 2008-ма до 2011-та година таа била во брак со бизнисменот Мурат Аси, а се верува дека тие двајца се развеле затоа што тој бил љубоморен на сцените што актерката ги снимала во сериите.
Во тој период се шпекулираше дека таа имала афера со главниот актер од серијата „Долина на волците“ Неџати Шашмаз.