„Мама на 5 девојчиња“ - Србинка која имала една ќерка, па роди четворка по природен пат, сега има полна куќа радост
- Детали
- петок, 03 февруари 2023
Марија и сопругот Ѓорѓе во 2022 година станаа првиот пар во Србија кој добил четворка по природен пат. Како изгледа нивното секојдневие сега? „Беше голем хаос... Но, ништо не е така совршено како тие“, споделува Марија.
Марија Гачеша од Србија е мајка на 5 ќерки и на Инстаграм постојано споделува детали од нејзиното секојдневие.
Таа имала една ќерка Ирис, но кога Ирис била на двегодишна возраст, oдносно на 12.08.2022 Марија родила четворка и Ирис добила уште 4 сестри.
Породувањето било кога Марија имала 28 години, а нејзиниот сопруг Ѓорѓе 45, а за нив се пишуваше многу во српските медиумите затоа што тие се првиот пар во Србија каде четворка била зачната по природен пат.
Марија вели дека за неа и сопругот ги купуваат само најосновните работи, но на ќерките сакаат да им обезбедат сè.
Нејзиниот сопруг Ѓорѓе е вработен во здравствена институција и велат дека секоја помош им е добредојдена затоа што само за пелени трошат илјадници и илјадници денари.
„Со време ќе станува малку полесно, но на почетокот по породувањето спиевме по само неколку часа на ден, дома имавме 4 бебиња и едно мало девојче. Беше голем хаос... Но, ништо не е така совршено како тие.“, изјави неодамна Марија за еден српски медиум.