Сакал да ѝ фрли киселина во лице – Сенидах во Мексико, откако се дозна дека менаџерот планирал напад врз неа (фото)
- Детали
- четврток, 02 февруари 2023
Скандал во соседството - поранешниот менаџер на трап пејачката Сенидах е обвинет дека планирал напад врз неа и сакал да ѝ фрли киселина во лице. Додека балканските медиуми пишуваат за соопштенијата од полицијата во Сараево, убавата пејачка ужива во Мексико.
Пејачката Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах (37) важи за една од најпознатите трап пејачки на Балканот, а деновиве е на одмор на Мексико од каде редовно објавува фотографии и ги шокираше своите следбеници со трансформацијата.
Се чини дека Сенидах никогаш досега не изгледала поприродно.
Од друга страна во балканските медиуми се пренесува информацијата дека Сенидах била мета на планиран напад во Сараево, зад кој стоел нејзиниот поранешен менаџер Адмир Арнаутовиќ.
Босанските медиуми пишуваат дека Аднан Арнаутовиќ во соработка со уште едно лице преку мобилна апликација поттикнувале други лица да извршат физички напад врз Сенидах додека била во Сараево – односно да ја претепаат и да ѝ фрлат киселина во лице.
Арнаутовиќ ѝ беше менаџер на Сенидах до 2020-та година, кога пејачката одлучи да ја прекине соработката со него, но и со пејачите Џала Брат и Буби Корели, а наводно, причината за прекинувањето на соработката била тоа што таа барала повеќе пари за своите настапи.
фото: Инстаграм
Поранешниот менаџер на Сенидах во моментов се наоѓа во притвор, а пејачката замина на одмор во Мексико.
Првата трап дама на Балканот во моментов ужива на Акапулко, а доказ за тоа се и големиот број фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.
Погледнете дел од нив: