Танцува речиси гола, провоцира со стајлинзи: Јована Јеремиќ - најскандалозната српска водителка
- Детали
- вторник, 24 јануари 2023
Oд зелен стајлинг како вонземјанин до играње стомачен танц во емисија, речиси гола со перје на глава, Јована Јеремиќ е најскандалозната водителка во Србија. Многумина ја нарекуваат иритантна, но таа постојано се фали со високата гледаност на нејзината емисија на ТВ Пинк, но и при нејзините гостувања во други емисии. Ви се допаѓа или ве иритира?
Таа постојано експериментира, свесно прави скандали, зборува многу наметливо, но и реди успеси на поле кариера.
Јована Јеремиќ (32) има работено во повеќе ТВ проекти, но моментално е актуелна со Утринската програма на телевизија Пинк.
Постојано се фали колку многу заработува и како ретко кој маж може да се носи со така силна жена како неа. Опседната е со рејтинзите и постојано тврди дека руши рекорди во гледаност.
Најголема инспирација вели дека ѝ е ќерката Леа, а по распадот на нејзиниот брак, открива дека не запознала доволно моќен маж кој ќе го привлече нејзиното внимание.