Колинда во народна носија, ретко појавување на сестрата на Лука Модриќ– Највпечатливите навивачи на Хрватска во Катар (фото)
- Детали
- понеделник, 28 ноември 2022
„Дозволено е да се носи или свечена облека или носија, јас се одлучив за носија“ – рече за хрватските медиуми поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ која го следеше натпреварот против Канада во свечената ложа во Доха. Како изгледаа другите хрватски навивачи кои беа помеѓу највпечатливите на трибините?
Фудбалската репрезентација на Хрватска го одигра мечот против репрезентацијата на Канада, а од трибините и овојпат ги бодреше поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, која во оваа прилика носеше народна носија.
„Кодот на облекување на свечената платформа дозволува свечена униформа или традиционална носија, или народна носија. Исто така, такво е правилото и во дипломатијата“ – рече Колинда во изјава за хрватските медиуми и најави дека планира во повеќе наврати да носи носија на трибините во црвена и бела боја.
Освен Колинда, особено внимание привлече и новинарката Мила Хорват која се фотографираше со родителите и сестрата на Лука Модриќ и фотографиите ги објави на нејзиниот Инстаграм профил, а јавноста имаше ретка можност да ја види и неговата сестра, Диора, која ретко се појавува во јавност.
Секако меѓу присутните беше и најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол која повторно носеше смел фустан во боите на репрезентацијата.