Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ разиграни во провокативно издание во Дубаи, навиваа за Србија (фото)
- Детали
- петок, 25 ноември 2022
Голем број на српски навивачи се сместени во Дубаи, поради преполните капацитети во Катар, па Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ се таму за да ги забавуваат со свои наастапи, но во слободно време и тие лудо се забавуваа и жестоко навиваа за фудбалерите. Им се придружи и Саша Ковачевиќ.
Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ се блиски пријателки и соработнички, кои деновиве имаат незаборавен помин во Дубаи.
Пејачките се таму работно, со договорени настапи по повод вчерашниот (24.11) меч на Србија на Светското првенство во Катар.
Голем број на српски навивачи се сместени во Дубаи, поради преполните капацитети во Катар, па тие се таму за да ги забавуваат.
Иако Србија изгуби од Бразил, сепак пејачките од фан пит зоната во еден хотел во Дубаи, ги бодреа српските репрезентативци до последниот атом енергија.
Тие го следеа натпреварот на голем видео бим и танцуваа на полувремето и се забавуваа. Со Карлеуша се и нејзините ќерки, а со Милица Павловиќ – неколку нејзини пријателки.
Во еден миг во нивно друштво се појави и Саша Ковачевиќ.
Покрај настапите и навивањето, пејачките си поминуваат одлично и во слободното време со плажа, сончање и прошетки.
Фотографии од нивниот престој во Дубаи:
https://www.instagram.com/p/ClTk9tCIS8H/