„Дури и во пустина наоѓам згодни мажи“ - Северина на одмор во Јордан, откако Милан плачеше во интервју (фото)
- Детали
- понеделник, 21 ноември 2022
„И среде пустина наоѓаш згодни мажи“ – коментираат следбениците на Северина на социјалните мрежи каде таа објавува фотографии од одморот во Јордан, само неколку дена откако Милан Поповиќ со солзи во очите му се заблагодари на Игор Којиќ, затоа што се грижел за Александар.
Хрватската пејачка Северина (50) деновиве е на патување во Јордан од каде редовно споделува фотографии, а една нејзина фотографија привлече големо внимание кај нејзините следбеници.
Северина се фотографира со камили и објави повеќе слики со пустински пејзажи направени за време на посетата на пустината Вади Рум, а на нејзиниот Инстаграм профил најде место и за згодниот туристички водич, кој го привлече вниманието кај следбениците и пријателките на пејачката.
Така една од нејзините пријателки до фотографијата со згодниот водич ѝ постави прашање на пејачката:
„А како го најде тој згоден маж среде пустина?“ – на што пејачката одговори:
„Сами доаѓаат“.
Некои од нејзините следбеници се осврнаа и на интервјуто на нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ кој неодамна јавно изјави дека бил вљубен во неа како медиумска личност, но дека кога ја запознал подобро одлучил да се разделат.
Во истото интервју Милан со солзи во очите се заблагодари на семејството Којиќ затоа што биле тука за неговиот син Александар кога тој не можел, а тоа предизвика и коментари на новите фотки од хрватската поп-дива:
„Севе ужива додека Миланче плаче“.