Јелена од Белград: „Работев за ФБИ во Лос Анџелес, спасував жртви од мрежата на трговија со луѓе“

На оваа Србинка најголем предизвик ѝ била работата во ФБИ, каде била дел од мрежата за спасување на жртви од синџирот на трговија со луѓе. „Најшокантно од сè ми беше тоа што луѓето кои беа вмешани во трговијата со луѓе, односно со проституцијата, најчесто беа блиски пријатели и членови од семејството на жртвата“, раскажува Јелена Миладиновиќ (31) од Белград.

jelena-od-belgrad-zhiveam-vo-los-andjeles-i-rabotam-za-fbi-shto-nauchiv-tamu-01.jpg

Јелена Миладиновиќ (31) од Белград е Србинка која веќе долго време живее во Лос Анџелес и има работено и за ФБИ (Федерално истражно биро).

Таа е и поранешна српска репрезентативка во веслање, па вели дека токму спортот пред 12 години ја однел во САД.

Студирала во Калифорнија, а живеењето токму во Лос Анџелес ѝ било остварување на соништата.

Во интервју за српски магазин, открива дека најтешко во САД ѝ било да се навикне на нивната храна, а најголем предизвик ѝ билa работата во ФБИ, каде била дел од мрежата за спасување на жртви од синџирот на трговија со луѓе.

Таа вели дека спасувала жртви од синџирот на трговија со луѓе, најмногу деца, и дека оваа работа направила да гледа на поинаков начин на животот.

Нејзината приказна:

„На оглас за вработување се пријавив сосема случајно и мојата работна обврска беше секогаш да им бидам достапна на повик на одговорните во ФБИ кога имаа спасување на жртви од синџирот на трговија со луѓе, но и жртвите да може сами да ме повикаат.

Работата веднаш ме заинтригира и по само едно интервју, ме вработија.

jelena-od-belgrad-zhiveam-vo-los-andjeles-i-rabotam-za-fbi-shto-nauchiv-tamu-05.jpg

Многу жртви минале низ незамисливо страшни ситуации и моја обврска беше да изградам однос базиран на доверба со нив.

Доколку дознаат дека сте ги излажале за нешто, веднаш губат доверба во вас, па морав да внимавам. Таму научив да бидам силна личност и да се справувам со секакви ситуации.

jelena-od-belgrad-zhiveam-vo-los-andjeles-i-rabotam-za-fbi-shto-nauchiv-tamu-06.jpg

Мојот број беше поставен на разни сајтови, па се случуваше жртва да ме повика од хотелска соба, додека злоставувачот излегол на миг од собата, на пример. Јас морав да знам кои точно прашања да ги поставам и да извлечам информации со кои ќе можам да ја спасам.

Прашував за точна информација, па дали повикала полиција, па ако не знае каде се наоѓа, ја прашував што видела по пат итн. Научив да бидам сигурна во себе дека ќе ја спасам жртвата, за и таа по тонот на мојот глас да поверува во тоа.

jelena-od-belgrad-zhiveam-vo-los-andjeles-i-rabotam-za-fbi-shto-nauchiv-tamu-02.jpg

Оваа работа ми ги отвори очите за тоа какви ситуации постојат и како е можно да се избега од најтешкото и одново да се види светлината на денот.

Морав да бидам брза и точна и мојот протокол беше секогаш да бидам на страна на жртвата.

И мора да кажам дека работењето за ФБИ не е како во сериите, па така ако жртвата ми даде доверлива информација, јас не смеам да ја пренесам дури ниту на ФБИ, мора да ја задржам за себе.

jelena-od-belgrad-zhiveam-vo-los-andjeles-i-rabotam-za-fbi-shto-nauchiv-tamu-03.jpg

Некогаш спасувањата се хаотични, но некогаш тивки и во тајност, хаотични се најчесто кога има вмешано и полиција.

Постојано одев на обуки, а најшокантно од сè ми беше тоа што луѓето кои беа вмешани во трговијата со луѓе, односно со проституцијата, најчесто беа блиски пријатели и членови од семејството на жртвата. Се случувало тоа да бидат дури и мајки и баби.“

Јелена вели дека во Калифорнија можностите се огромни, таа работи и други работи, а се занимава и со работа како модел.

jelena-od-belgrad-zhiveam-vo-los-andjeles-i-rabotam-za-fbi-shto-nauchiv-tamu-04.jpg

Повеќе Инстаграм фотки од неа на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg