Зумбуљ Ага од „Сулејман Величествениот“ денес е непрепознатлив – Каде е и што прави актерот Селим Бајрактар?
- Детали
- вторник, 15 ноември 2022
Вели дека заради улогата на Зумбуљ Ага, фановите отворено го прашувале дали е хомосексуалец, а неодамна клекна на едно колено и ја побара за сопруга девојката со која е во врска 5 години. Турскиот актер Селим Бајрактар денес е непрепознатлив.
Селим Бајрактар на балканската публика ѝ стана познат по улогата на Зумбуљ Ага во серијата „Сулејман Величествениот“, а денес воопшто не би го препознале кога би ги виделе неговите најнови фотографии.
Од првата до последната епизода во која се појавува на серијата „Сулејман Величествениот“ публиката се смееше на неговите сплетки, мимики, гестикулации и досетки, што ги изведуваше за неговата господарка, Хурем Султан.
Иако првично неговата улога требало да трае само неколку епизоди, заради реакцијата на публиката било одлучено тој да остане до крајот на снимањето.
Селим даде интервју во 2013-та година во кое рече дека пријателите и членовите на неговото семејство го предупредувале да не ја прифати улогата на Зумбуљ Ага.
„Сите ме советуваа да не ја прифатам улогата, затоа што се плашеа дека луѓето ќе ме етикетираат и дека тоа ќе ми го наруши имиџот. Вистина е дека имало ситуации кога обожавателите ме прашувале дали сакам жени или мажи, но не се вознемирувам премногу заради тоа“ - рече тој.
Денес Селим има 47 години и воопшто не изгледа онака како што го помниме. По улогата во „Сулејман Величествениот“ се појави во повеќе други филмски проекти, а може да се пофали и со Меѓународното признание што го доби за улогата во серијата на Netflix, Rise of Emipires: Ottoman.
Селим е свршен со неговата партнерка, актерката Емел Каракосе (38) со која е во врска 5 години.
Според пишувањата во турските медиуми, тој изнајмил јахта и таму клекнал на едно колено и ја побарал раката на Емел, со посебен прстен што самиот го дизајнирал, а свадбата најверојатно ќе се одржи следното лето.