Факти за Ана Михајловски - по врската со Вук Костиќ се смири со поранешниот сопруг, имаше тумор на дојка
Во 2017-та година водителката јавно говореше за нејзината борба со ракот на дојка, при што рече дека лекарите ѝ рекле дека тоа под итно мора да се оперира. Таа откри дека туморот бил многу голем, но по операцијата хистопатолошкиот наод покажал дека се работи само за бениген тумор.
„Пред сѐ, сакам да нагласам дека мојот случај беше бениген. Бесмислено е да се ставам себеси во прв план, затоа што тоа би било навреда за сите жени што имаат многу поголеми проблеми и живеат со нив.
Немав обичај да правам сама прегледи, а кога случајно напипав израсток помеѓу пазувите и градите веднаш отидов на лекар“ – откри Ана во една прилика.
https://www.instagram.com/p/BvyZg9MhCrY/?utm_source=ig_web_copy_link
Во 2019-та година таблоидите почнаа да пишуваат дека водителката е во врска со актерот Вук Костиќ, но тие не сакаа јавно да говорат за нивниот однос. За првпат заедно се појавија на белградската премиера на филмот „Јужни ветар“, а само неколку месеци подоцна се пишуваше дека парот ставил крај на врската.
Прочитајте и Дамите кои не му одолеаја на шармот на Вук Костиќ - Ивана Петерс од „Негатив“, Ана Михајловски
Во октомври 2020-та година веќе се појавија информации дека Ана одлучила да се помири со поранешниот сопруг Мирко Грубин.
Инаку, во еден период Ана одлучи целосно да се повлече од социјалните мрежи и тврдеше дека причината за тоа е што „сечиј живот станал јавен, а границите на интимата исчезнале“, но неодамна отвори нов Инстаграм профил каде објавува фотографии и видеа од семејството.
Погледнете уште неколку нејзини фотографии:
https://www.instagram.com/p/CT6fCeJomGp/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело