Србинката со најдобро изграден моден стил - блеска дури и во бременоста (фото)
- Детали
- сабота, 14 август 2021
Ена Ќубрило или попозната како „Ена Луна“ на Инстаграм е популарна српска инфлуенсерка која ја следат близу 170 илјади обожаватели.
Она што ја издвојува оваа млада жена во морето инфлуенсерки е фактот што таа имала прилично успешна кариера пред да стане јавна личност.
Ена по професија е дипломиран економист која по завршувањето на студиите 5 години работела во една од најголемите српски IT компании како консултант.
„Прави го она што го сакаш и нема да мораш да работиш ниту еден ден во животот“.
Ена живее во Нови Сад, а по раѓањето на ќеркичката Настја повторно е бремена со второ дете. Таа сепак истакнува дека заработката не ѝ е примарна, дека внимава со кого одбира да соработува и најбитен ѝ е квалитетот на содржините коишто им ги пласира на младите девојки.
Признава дека не би била толку успешна без поддршката на сопругот, односно семејството и пријателите и дека со текот на времето научила да ги игнорира негативните коментари, но и да прифаќа конструктивни критики.
Нејзиниот стил е масовно копиран од илјадници девојки на Балканот, а има и зошто. Ена блеска дури и во текот на втората бременост.