Ги разведуваат најмалку еднаш месечно, но и по 13 години тие се сè уште заедно – Војин и Слобода од „Зона Замфирова“ (фото)
- Детали
- недела, 25 април 2021
Љубовта помеѓу актерскиот пар Војин Четковиќ и Слобода Мичаловиќ се случила сосема спонтано. Тие се запознале за време на снимањето на филмот „Зона Замфирова“, а во тој период и двајцата имале други партнери.
Меѓутоа, познанството прераснало во пријателство за време на снимањето на нивниот втор заеднички филм „Грабежот на Третиот рајх“.
Краток период после тоа и двајцата се разделиле од партнерите и во 2004 година ја започнале љубовната романса. По 4 години ја крунисале врската со брак, а имаат две ќерки, близначките Мила и Вера.
Иако медиумите ги разведуваат најмалку еднаш месечно, се чини дека шармантниот пар нема намера да се раздели.
Напротив, тие уживаат во брачниот живот кој трае речиси 13 години. Тие внимателно го чуваат и својот интимен живот и не објавуваат премногу заеднички фотки на Инстаграм и на останатите друштвени мрежи.
39-годишната Слобода се смета за една од најубавите природни актерки не само во Србија, туку и во светот:
https://www.instagram.com/p/CKugUqTrokO/
(О)Милена | Црнобело