Првиот брак ѝ траел 1 година, водителка е на Ѕвездите на Гранд: Сања Кужет - едно од најубавите ТВ лица во Србија (фото)
- Детали
- петок, 12 февруари 2021
Вели дека никогаш не играла на карта на убавина за да добие нешто во животот. Има 36 години, два сина од кои вториот со маж со кој била во врска во 20-тите години од животот и се смета за права Југословенка.
Сања Кужет е една од најшармантните и најхарзиматични српски водителки, а во регионот стана позната како водителка на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Таа е препознатлива по својата убавина, професионалност, спонтаност, насмевка и витка линија.
Инаку, својата кариера Сања ја започна како презентерка на временска прогноза, а им носеше „среќа“ на гледачите и на наградната игра „Бинго“.
Родена е на 9-ти август 1983 година во Белград, а за себе сака да каже дека е вистина Југословенка, затоа што татко ѝ е од Далмација, а мајка ѝ од Црна Гора. Има сестра која е една година постара од неа.
Посетувала часови по балет и клавир, а се занимавала и со манакенство. Студирала да стане професорка по географија, но ги напуштила студиите поради желбата да биде водителка. На 21 година го добила првиот ангажман.
Има два сина Андрија и Страхиња, а за свое трето бебе го смета својот миленик, кученце од расата Малтезер по име Тодор.
Постојано добива понуди да учествува во реални шоуа, но ги одбива затоа што вели дека не се пронаоѓа во такви ТВ формати и не е воспитана во тој дух.
Нејзин прв сопруг бил Зоран Пипер со кој се венчала по 2 години врска и го добила првиот син Андрија. Но, на бракот му ставиле крај по само една година, но како што самата често сака да нагласи на навистина цивилизиран и пријателски начин. Двајцата учествуваат во растењето на синот.
Во 2017 година Сања го добила вториот син Страхиња со својот партнер, бизнисменот Немања Живојиновиќ, кој моментално е на функцијата директор на една автомобилска компанија, според медиумите од регионот. Вели дека моментално не планираат брак затоа што се среќни и задоволни со сегашниот статус.
Интересно е што таа и Немања се познаваат од порано, односно биле во љубовна врска во почетокот на 20-тите, кога никој од нив немал ниту кариера, ниту конкретни цели во животот.
Кога повторно се сретнале години подоцна, двајцата биле професионално изреализирани и остварени секој на свој начин, па љубовта повторно се разгорела. Сега, уживаат заедно и велат дека се разбираат и без збор.
Заедно со првиот син на Сања, тие функционираат одлично како семејство заедно.