Моден двобој: Карлеуша моќна во фустан со српското знаме, Цеца во аутфит од ZARA
- Детали
- понеделник, 03 јуни 2024
Јелена Карлеуша издоминира во дизајнерски аутфит со посебна симболика, а Цеца се појави во едноставен аутфит од ZARA, но со скапи додатоци од неколку илјадници евра. Што облекоа двете најпознати српски пејачки на гласањето во Србија?
Познатите личности во Србија во текот на изминатиот ден (02.06) ја извршија својата граѓанска должност и излегоа на гласањем на избори, а се чини дека најголемо внимание привлекоа лутите ривалки Јелена Карлеуша и Цеца, кои на овој ден избраа бели аутфити.
Јелена Карлеуша на себе носеше дизајнерски фустан од српската креаторка Марија Марковиќ, со плашт во боите на српското знаме.
Целиот изглед го надополни со бела елегантна шапка, очила и бела шапка од Chanel.
Таа гласаше на Дедиње во училиштето за дизајн, околу пладне, а на Инстаграм сподели повеќе фотографии од уникатниот стајлинг што го подготвила за овој важен ден во нејзината земја.
За разлика од Јелена, Цеца Ражнатовиќ се појави во едноставен бел аутфит.
Пејачката се појави во бели пантолони и бела кошула, а изгледот го надополни со жолти сандали од Chanel кои се продаваат по цена од 1.200 евра и чанта од истиот бренд, која се продава по цена од 5.900 евра.
Панталоните и кошулата се од ZARA, па се продаваат по пристапни цели од 35 и 50 евра, додека очилата што ги носеше се од брендот Tiffany и се продаваат по цена од 330 евра.
Сѐ на сѐ, пејачката за својот едноставен стајлинг издвоила нешто повеќе од 7.500 евра.