Ја обвинија за сексуално насилство, го промени полот: Факти за моделот Андреја Пејиќ
- Детали
- петок, 09 февруари 2024
Како дете кое потекнува од сиромашно семејство, Андреја Пејиќ изгради завидна кариера како модел. Во 2013-та го промени полот, но по лажните обвинувања за сексуално насилство, нејзината кариера тргна во надолна линија…
Андреја Пејиќ е еден од најуспешните трансродови модели од овие простори, но и во светот, а имала соработки со многу познати имиња од светот на модата.
Во 2013 година, две години по нејзиното деби на модната писта, се најде на листата на најдобри светски модели.
Се појави на многу насловни страници на модни списанија, а во 2013 година се појави и во спотот на Дејвид Боуви за песната „The Stars“.
Андреја е првата трансродова манекенка која се појавила на насловните страници на машкиот магазин „GQ“ и „Vogue“, како и на многу други престижни модни списанија, а им беше муза и на Готје и Марк Џејкобс.
Родена е на 28 август 1991 година во Тузла како Андреј Пејиќ, а нејзината мајка Јадранка е Србинка, додека нејзиниот татко Влада Пејиќ е Хрват.
Нејзините родители се развеле кога таа имала пет години.
Растела заедно со нејзиниот постар брат Игор.
За време на војната во Босна, Андреја со својот брат, мајка им и баба им Даница избегале во бегалски камп во близина на Белград.
Потоа се преселиле во селото Војска кај Свилајнец.
И покрај тешкото детство, Андреја постојано нагласува дека е среќно дете, а вели дека најчесто се дружела со девојчиња.
За време на бомбардирањето на Југославија, Андреја заедно со семејството заминала во Мелбурн, по што одлучила да започне да се занимава со манекенство.
Поради скандалот кој ѝ се случил пред неколку години за малку ќе ја изгубела кариерата. Во 2020 година, таа наводно била лажно обвинета за сексуално насилство.
Најлошо од сè е тоа што тоа обвинение го добила од нејзината најдобра пријателка.
Поради стресот се здебелила, па престанала да добива ангажмани.
После тоа настапила и пандемијата, па бидејќи не добивала никакви ангажмани како манекенка, била принудена да работи во продавница, а потоа и во кафетерија, за во последно време да се обиде да се врати во светот на шоу-бизнисот, но како актерка.