Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебек
- Детали
- среда, 29 ноември 2023
Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат праведно. Вели дека ретко кој го знае неговото вистинско име, трипати се женел, а 22 години е во брак со сопругата која ја запознал кога таа имала само 18 години – Факти за животот на Жељко Бебек.
За кариерата на Жељко Бебек (78) се знае многу. Неговите хитови и до ден-денес се вратат на радио и ретко кој не ги слушнал, а познат е по тоа што полни концертни сали и билетите за неговите концерти се речиси секогаш однапред продадени.
Има плодна музичка кариера, а и во осмата деценија од животот, не престанува да настапува.
Во продолжение, неколку интересни факти за неговиот живот, што можеби не сте ги знаеле:
Желимир Жељко Бебек е роден на 16-ти декември во 1945-та година во Сараево, а стана познат како првиот пејач на групата „Бијело дугме“.
Тој во една пригода рече дека кога луѓето ќе ги видат неговите лични документи најчесто остануваат збунети затоа што никој не го знае неговото вистинско име - Желимир.
Неговите родители се викале Звонимир и Катарина, а многумина тврдат дека пејачот лаже и за своето место на раѓање. Но, во една пригода тој одлучи да им стави крај на гласините, па изјави:
„Неверојатно е што за тоа толку многу се расправаше. Тоа е веројатно затоа што на Википедија некој одамна напишал дека сум роден во Бугојно.
Често како дете времето го минував таму, па потоа некои жители на тој град напишале дека сум роден таму. Всушност моето потекло е од Херцеговина, од Вељаци, а роден сум во нашето убаво Сараево“ – рече тој.
Жељко вели дека условите за живот во тој повоен период биле многу тешки, но тој бил скромен, па успеал да помине среќно детство. Во домот имале радио, па како мал често се обидувал да ги долови звуците од музиката со усна хармоника.
Во училиште научил да свири мандолина и гитара. Неговата мајка Катарина пеела убаво, па од неа го наследил талентот и додека одел во училиште бил член во хорот, а потоа станал дел и од мандолинскиот оркестар.
Во училиштето сите зборувале за неговите извонредни вокални способности, па така, на возраст од само 16 години, тој станал дел од групата „Ехо 61“ заедно со Корнелије Ковач.
Учествувал и во други музички состави, сè до 1969-та година кога се запознале со Горан Бреговиќ , а по неколкугодишни турнеи низ Италија, тие двајца се вратиле во Сараево и таму го формирале првиот состав на „Бијело дугме“.
Тој бил дел од групата сè до 1984-та година, по што започнал соло кариера. Главната причина заради која одлучил да си замине од бендот била тоа што како автор на песните секогаш се потпишувал Горан Бреговиќ и приходите не биле распределени рамномерно.
Многупати се пишувало дека Жељко имал бурна младост, но неговите пријатели и познаници велат дека тој никогаш не користел опојни супстанци, дека не пиел и не се тепал.