Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебек
-->
Жељко Бебек се женел трипати. Прва сопруга му била Споменка со која ја добил ќерката Силвија.
Жељко се оженил со Споменка уште пред да ја формира групата „Бијело дугме“ и работел во Сојузот на заедниците на социјалното осигурување на Босна и Херцеговина, но по првичниот успех на бендот, одлучил да го напушти ова работно место и да се посвети на музичката кариера, иако Силвија тогаш била мало бебе.
Жељко ретко зборува за бракот со Споменка, а во една пригода откри дека од ќерката Силвија има 3 внучиња и дека таа денес живее во Загреб. Интересно е што Споменка по разводот не го променила презимето и сè уште го носи неговото.
-->
Вториот пат стапил во брак со Сандра, со која ја добил ќерката Бјанка. По разводот Сандра се премажила, но по смртта на нејзиниот сопруг таа го променила презимето и наместо да го врати моминското, и денес го носи презимето Бебек.
Жељко се оженил по третпат во 2002-рата година, за 34 години помладата Ружица, која имала само 18 години кога се запознале. Денес имаат две деца, синот Звонимир (20) и ќерката Катарина (18).
На почетокот тие двајца биле во тајна врска затоа што очекувале дека околината ќе ги осудува заради големата генерациска разлика, а Жељко вели дека му било најважно ќерките од претходните бракови да ја прифатат и да не ја сметаат за конкуренција.
Тврди дека толку лудо бил вљубен во неа, што возел 400 километри на час за да ја види.
-->
-->
Жељко и Ружица постојано патуваат заедно, затоа што таа му е менаџер и ги организира сите негови настапи, заради што тој ја нарекува „згодна секретарка“.
-->
Прочитајте и Се заљубиле кога таа имала 18, а тој 52 години и сите им предвидувале пропаст: Љубовта на Жељко и Ружица Бебек трае 25 години
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм/ Фејсбук
Би можело да ве интересира:
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос...
„Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир
Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ
Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“
„Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис?
Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се...
„Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
-->