Татко му го напуштил кога бил мал, сопругата ја зел „бегалка“ – Факти за животот на Дино Мерлин

По венчавката, Дино и Амела заминале на меден месец во Дубровник, а кога се вратиле се преселиле да живеат кај мајката на пејачот. Родителите на Амела биле толку многу лути, што шест месеци не сакале ниту да ја видат.

Во една пригода Дино откри дека тој во сопругата се вљубил кога имал само 17 години и, и покрај тоа што се заедно долги години, тој сè уште е вљубен во неа како што бил и првиот ден кога ја здогледал, на 8-ми август 1979-та година.

„На тој ден Амела ми рече дека ме сака. Денес тој е еден од најважните датуми во мојот живот и секојпат чувствувам грижа на совеста дека не сум го одбележал достојно“ – рече тој во една пригода.

https://www.facebook.com/samir.trubljanin/photos/pb.100050179612676.-2207520000/1034587363339913/?type=3

Иако пејачот брзо почнал да работи и да гради кариера, вели дека во тој период со Амела живееле во сиромаштија, а имало периоди кога во домот немале пари ниту да ѝ купат на ќерката Наида млеко. Тој раскажа дека по првата југословенска турнеја дома се вратил со празни џебови.

„Сопругата ме пречека со бебето на врата, Наида имаше околу 6 месеци, а сопругата тогаш го завршуваше факултетот. Тивко ме праша: ’Ни донесе ли нешто? Немам ниту за млеко‘. Јас немав ниту еден динар.

Не донесов ништо, затоа што не заработив ништо. Имавме големи трошоци. Би дал сè за да можев таа ноќ да ѝ одговорам: ’Да, ти донесов 100 марки‘“ – изјави Дино.

https://www.facebook.com/samir.trubljanin/photos/pb.100050179612676.-2207520000/1109376899194292/?type=3

Малкумина знаат дека во еден период во 90-тите години Дино имал проблеми со менталното здравје заради што се лекувал во психијатриска установа во Германија. Тогаш ја напишал и песната „Ја потпуно трезан умирем“, која беше објавена во далечната 1995-та година.

„Јас во еден период од животот бев толку болен, имав тешка депресија и тоа не би му го посакал никому. Тоа се манифестираше така што не бев за ништо.

Апсолутно ништо не ме интересираше, ми беше исто дали ќе живеам или ќе умрам, едноставно бев како растение. Тоа беше периодот кога сакав да ја напуштам музиката и сè ми паѓаше на памет“ – откри Дино во едно интервју.

Сепак, јасно е дека Дино не дозволил депресијата да го совлада и повторно се вратил на музиката и на пишувањето песни, сè до 2008-ма година кога ќе се соочи со уште една голема загуба. По смртта на неговата мајка, во 2008-ма година Дино ќе ја напише песната „Недостајеш“.

Во 2017-та година телевизијата „Al Jazeera Balkans“ го сними документарниот филм „Средином“ посветен на животната приказна и работата на музичарот.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Приказната на Дино Мерлин и неговата Амела – љубовта ги победила сите препреки, таа му е најголема п... Родителите на неговата сакана не го прифаќале затоа што бил сиромашен, се венчал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg