Девојката на Огњен Амиџиќ во 5-тиот месец од бременоста повеќе не може да ги трпи нападите од хејтерите - Се огласи на Инстаграм

Српската ТВ водителка Мина Наумовиќ, која е во врска со актерот и водителот Огњен Амиџиќ одлучи да се пресмета со „хејтерите“ коишто на нејзиниот Инстаграм профил упатуваат навредливи коментари и закани. Фановите на неговата поранешна сопруга, Данијела Димитровска постојано упатуваат навредливи коментари до неа, но таа одлучи дека повеќе нема да молчи.

devojkata-na-ognjen-naumovikj-se-presmeta-so-hejterite-na-instagram-sekoj-shto-kje-me-navreduva-kje-bide-blokiran-01.jpg

Откако се дозна дека по разводот Огњен Амиџиќ започнал врска со својата 20 години помлада колешка Мина Нумовиќ и сега заедно го очекуваат своето прво заедничко дете, мислењата во јавноста се поделени.

Додека едни им честитаат и им посакуваат сѐ најдобро, постојат и такви коишто упатуваат погрдни и навредливи коментари, упатени токму до младата Мина.

devojkata-na-ognjen-naumovikj-se-presmeta-so-hejterite-na-instagram-sekoj-shto-kje-me-navreduva-kje-bide-blokiran-02.jpg

Водителката која во моментов е во петтиот месец од бременоста одлучи дека нема потреба да го трпи таквото насилство, па на Инстаграм Стори објави порака со која се пресмета со сите оние што ја навредуваат.

„Со месеци наназад трпам најлоши навреди и закани заради медиумската кампања (намерно го користам токму тој термин) во рамки на која се пласирани голем број лаги и во која јас сум претставена како негативец.

Јас молчев, но така избрав.

devojkata-na-ognjen-naumovikj-se-presmeta-so-hejterite-na-instagram-sekoj-shto-kje-me-navreduva-kje-bide-blokiran-03.jpg

Во петтиот месец од бременоста веќе не сакам и не морам да бидам изложена на тоа, макар не на својот Инстаграм профил. Се тргнав зад камерите и се повлеков од јавниот живот затоа што во овој миг ми се потребни приватност и мир.

Доколку и понатаму имате потреба да седите на мојот профил, чекајќи да видите каде сум и што правам, правете го тоа во тишината на вашите мрачни кулоари, затоа што поинаку нема да имате пригода за тоа. Секој профил што ќе ми упати што било лошо, ќе биде блокиран.

Секако имајте предвид дека тоа нема ниту да ви ги реши проблемите, ниту да ви ги плати сметките.

Секое добро“ – им порача Мина на сите што ѝ упатувале погрдни коментари во изминатиот период.

devojkata-na-ognjen-naumovikj-se-presmeta-so-hejterite-na-instagram-sekoj-shto-kje-me-navreduva-kje-bide-blokiran-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Огњен Амиџиќ тајно се венча со 20 години помладата девојка: „Сакав Мина да го носи моето презиме“ „Сакавме венчавката да биде без врева и тој чин да остане само за нас. Ние веќе ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Ќе му се исполни желбата за името - Огњен Амиџиќ и Мина ги бројат последните денови пред да станат р... „Имаме подготвено име, кое го избра Огњен. Постои едно име што тој отсекогаш го ...
Посакуваше ќерка, но пак доби син: Се породи сопругата на Огњен Амиџиќ, бебето доби необично име Не е Миша, како што претходно најавуваа. Огњен Амиџиќ и неговата 20 години помла...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Огњен Амиџиќ со романтичен потег: На полноќ ја прекина емисијата за да ѝ честита роденден на сопруга... „На најубавата и најдобрата жена на светот денес ѝ е роденден“ – напиша Огњен Ам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg