Ја нарекуваа Вештерката од Банат, повеќе од 50 години труела луѓе: Која е баба Анујка, првиот сериски убиец во Србија?

Според пишувањата, ако некој од областа сакал да се ослободи од некој свој непријател, одел кај баба Анујка, а таа им давала од својата „лековита водичка“ во која имала отров.

Бидејќи станала експерт за отровни супстанции, можела точно да предвиди и кога ќе почине тој што го труела.

Многу наивни селани оделе кај неа да им помогне да си ги решат здравствените проблеми, а подоцна умирале во најголема агонија. Нејзините жртви претежно биле млади и здрави мажи.

ja-narekuvaa-veshterkata-od-banat-povekje-od-50-godini-truela-lugje-osudena-e-samo-za-smrtta-na-3-ca-koja-e-baba-anujka-prviot-seriski-ubiec-vo-srbija-03.jpg

Таа ги поткупувала и локалните полицајци, па никој не ја допирал. Повеќе од 50 години жителите на Владимировац стравувале поради неа.

Многумина покажувале голема почит кон неа и ѝ се тргале од патот само за да не им наштети.

Некои тврделе дека е вештерка со натприродни моќи, но таа само знаела како да ги залаже и отруе луѓето.

„Ѓаволската водичка“ ја наплаќала скапо, околу 3.000 до 5.000 динари, во време кога весниците се продавале за само 1 динар.

ja-narekuvaa-veshterkata-od-banat-povekje-od-50-godini-truela-lugje-osudena-e-samo-za-smrtta-na-3-ca-koja-e-baba-anujka-prviot-seriski-ubiec-vo-srbija-02.jpg

Но, во декември 1927 година од отровниот напиток на баба Анујка починал извесен Гаја Прокин, моќен човек од Банат.

Обдукцијата покажала дека во неговото тело има голема количина арсен, што предизвикало сомнеж кај властите.

Во Србија е направена ексхумација на многу тела и во дел од нив е пронајден арсен.

ja-narekuvaa-veshterkata-od-banat-povekje-od-50-godini-truela-lugje-osudena-e-samo-za-smrtta-na-3-ca-koja-e-baba-anujka-prviot-seriski-ubiec-vo-srbija-05.jpg

Анујка била уапсена и обвинета за смрт на 3 луѓе, па ја осудиле на 15 години затвор. Против неа сведочела една од нејзините следбенички, која, наводно, не добила пари за својата работа.

Во тоа време старицата веќе имала 90 години. Отслужила дел од казната и била ослободена во 1936 година, кога веќе имала 98 години. Починала 2 години подоцна, кога имала 100.

Нејзините следбенички, пак, биле стрелани во 1945 година.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“ „Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg