Ја нарекуваа Вештерката од Банат, повеќе од 50 години труела луѓе: Која е баба Анујка, првиот сериски убиец во Србија?
- Детали
- недела, 01 октомври 2023
Ана Драксин Ди, позната како баба Анујка, навидум наивна и невина старица, е еден од најголемите монструми во стара Југославија. За половина век, таа отрула преку 100 луѓе, а осудена е за убиство само на тројца. И покрај тоа, баба Анујка важи за првиот сериски убиец во Србија.
Анујка Драксин е родена во Романија во 1838 година, а се преселила во Банат, Србија, во 1849-та. Завршила приватно училиште во Панчево со деца од богати семејства.
Се заљубила во австриски воен офицер, но тој ја оставил со скршено срце, а таа брзо потоа дознала дека од него добила сифилис.
По ова се повлекла во себе, но почнала да покажува интерес за медицина и хемија. Зборувала пет јазици.
Се омажила за богаташ во Петрово село, денешен Владимировац, кое се наоѓа на половина пат помеѓу Вршац и Белград. Со сопругот имале 11 деца, но само едно преживеало до полнолетството.
Сопругот бил многу постар од неа, па починал по 20 години брак. Кога станала вдовица, Ана продолжила да учи хемија и направила тајна лабораторија во еден дел од куќата.
Во нејзината „приватна ординација“ почнале да доаѓаат луѓе од цел Банат кои барале помош, а многу од нив подоцна починале во најголеми маки.
Таа им помагала на млади мажи да ја избегнат војската, лечела од „лошотија и злоба“, решавала љубовни проблеми, се справувала со перверзни свекори.