Хрватски ракометар крвнички ја тепа сопругата, таа го моли да престане: Сите факти за скандалот што го згрози регионот
Клара за хрватските медиуми потоа изјави дека сопругот многупати претходно ја тепал, но тоа секогаш било шлаканица или две, удар по лицето од кој ќе ѝ се појавела модринка кај окото. Но, никогаш не ја тепал толку крвнички за да си помисли дека ќе ја убие.
Таа вели дека овојпат Денис ја удирал по грбот, по главата, ја клоцал, но дека успеала да избега кога тој се завртел да побара некаков предмет со кој би продолжил да ја тепа.
Тој бил под дејство на алкохол и не се контролирал.
Според Клара, ракометарот ја тепал и кога била во поодмината бременост, па таа се породила пред време, но за среќа без никакви последици за бебето.
Сопругата на Бунтиќ бара предметот да го преземе некој друг суд, бидејќи ракометарот е многу познат и влијателен во Хрватска, поради што таа очекува судењето да биде пристрасно, а тој да не сноси никакви последици за семејното насилство што го трпела со години.
Освен на Клара, Денис се заканувал и на нејзиниот брат и ѝ рекол дека и него ќе го убие.
Бунтиќ кариерата ја заврши во 2018-та година, а со репрезентацијата на Хрватска освои две сребра на Светските првенства, сребро и бронза на Европските првенства, а има и бронза од Олимпијадата во 2012 година.
Скандалот со Бунтиќ и понатаму продолжува да ја тресе Хрватска. Во одбрана на Клара застана многу жени кои преку социјалните мрежи велат дека не смее да се дозволи никакво насилство врз жените.
Некои потсетија и на неодамнешниот случај во Босна и Херцеговина, кога Нермин Сулејмановиќ крвнички ја претепа и уби својата партнерка Низама Хеќимовиќ пред нивното дете, а сето тоа го снимаше и пренесуваше во живо на социјалните мрежи.
Слушнете го вознемирувачкото аудио:
https://www.tiktok.com/@crnahronikabih/video/7282742934036958496?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id=7205589128263910917
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм