Факти за првата дама на Србија, која важи за модна икона - Која е сопругата на српскиот претседател Александар Вучиќ?
- Детали
- недела, 24 септември 2023
Првото дете со кое забременила престанало да дише само неколку денови пред породувањето, долго време се криеше од јавноста, а важи за една од најубавите први дами во светот – Што знаеме за Тамара Вучиќ, втората сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, која е 11 години помлада од него?
Првата дама на Србија, Тамара Вучиќ важи за модна икона која привлекува внимание каде и да се појави.
Неодамна беше објавена нејзината фотосесија за весникот Vogue каде таа позираше во креации на српскиот дизајнер Стефан Ѓоковиќ, а долго време јавноста во Србија речиси и да не знаеше ништо за неа.
Таа се трудеше да остане што е можно подалеку од камерите и медиумите сѐ до 2017-та година, кога нејзиниот сопруг беше избран за претседател на Република Србија.
Следат неколку интересни факти за Тамара Вучиќ, што можеби не сте ги знаеле:
Тамара Вучиќ е родена во 1981-ва година како Тамара Ѓукановиќ, во Лозница, каде го поминала детството.
Некои српски медиуми пишуваат дека додека била дете, многумина верувале дека таа ќе стане манекенка, но Тамара била многу повеќе заинтересирана за образованието и науката.
Тамара дипломирала на факултетот за политички науки, а подоцна работела во Министерството за надворешни работи на Србија.
Десетина години пред да стапи во брак со Вучиќ, Тамара работела како ТВ водителка, а на Инстаграм сподели фотка и од тој период.
Пред да стапи во брак со Тамара, Вучиќ беше во брак со новинарката Ксенија Вучиќ со која ги доби двете деца, синот Данило и ќерката Милица. Тие двајца биле заедно од 1997-ма година, а во 2011-та се разведоа.
Ксенија ненадејно почина на 56-годишна возраст, во јануари 2022-ра година, а неколку години наназад се трудеше да се држи настрана од сопругот и неговата политичка кариера.