„Молчи и трпи“: Мајка од Србија изреволтирана откако добила порака дека сама избрала да роди 3 деца
- Детали
- вторник, 19 септември 2023
„Ако некој те омаловажува - молчи и трпи! Ако те тепа мажот - молчи и трпи! Ако умираш од болки за време на породувањето - молчи и трпи! До кога ќе ни велат да молчиме и да трпиме? Никој не треба да трпи ништо! Да ги научиме децата да си ги решаваат проблемите, да ги менуваат лошите партнери... Никогаш не молчете и не трпете, каква болка и да ве мачи во животот“, порачува Сузана Бурсаќ од Србија.
Србинката Сузана Бурсаќ, која има три мали деца, предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, откако објави видео во кое вели дека не ѝ е воопшто лесно.
Сузана, која на Инстаграм го води профилот „Светот на Сузана“, објави како се справува со својата најмала ќерка.
„Ќе видиш, со третото е најлесно“, „Третото се расте само“, „Третото го чуваат постарите“, „Третото го чуваат постарите“. Сè што имам да кажам е дека нè лажат.
Најслатка е, ама и најнапорна и бара најмногу. Првите две деца, Марко и Ана, не се напорни како таа. Своеглава, непопустлива, тврдоглава, сè мора да е по нејзино или во истиот момент легнува на подот и почнува да вреска.
Така го направивме и ова видео, кога пробував да ја изнесам од трговскиот центар, па му реков на Марко да снима за да ѝ покажам на другарка ми, бидејќи не верува дека најмалата е баш вистински ѓавол“, додава Сузана и ги прашува следбеничките на Инстаграм каква е ситуацијата кај нив.
По оваа објава, таа откри дека добила многу коментари и пораки, а едната од нив е од жена која ѝ вели дека сама си ги раѓала децата, без некој да ја натера, па затоа ѝ е најпаметно да молчи и да трпи.