„Молчи и трпи“: Мајка од Србија изреволтирана откако добила порака дека сама избрала да роди 3 деца
„Па, госпоѓо, кој те терал да родиш толку деца? Сите кукате, а раѓате. Зошто, по ѓаволите решавате да имате деца ако само се буните? Молчи и трпи, сама си го барала. За тоа се виновни жените и само жените“, пишува во пораката извесна Дијана.
Изреволтирана од коментарот, Сузана сподели нова фотка со најмалата ќерка, но и пораката што ја добила, па вели:
„Молчам и трпам затоа што никој не ме принуди да родам три деца. Се шегувам секако, социјалните мрежи постојат за малку да се забавуваме, сите сме уморни од секојдневни лоши вести кога ќе го отвориме весникот или ќе вртиме по ТВ каналите.
Но, неодамна на едно хумористично видео за родителството, добив порака „Молчи и трпи“. Јас сакам да се шегувам на своја сметка, има безброј ситуации во кои ние жените сме се нашле барем еднаш во животот.
Но, ако нешто ме нервира, тоа е познатото „Молчи и трпи“!
Ако некој те омаловажува - молчи и трпи!
Ако те тепа мажот - молчи и трпи!
Ако ти е тешко со твоето дете/деца - молчи и трпи!
Ако умираш од болки за време на породувањето - молчи и трпи!
Ако на работа ти прават мобинг - молчи и трпи!
Вие продолжете ја низата...
До кога сите ќе ни велат да молчиме и да трпиме? Никој не треба да трпи ништо! Да ги научиме децата да си ги решаваат проблемите, да ги менуваат лошите партнери, да бараат подобри работни места, лекари, пријатели.
Никогаш не молчете и не трпите, каква болка и да ве мачи во животот“.
По оваа објава, Сузана доби огромна поддршка од мајки кои имаат три, но и едно или две деца.
„Во право си. Неодамна се пожалив дека сум „мртва уморна“ и не знам кога последен пат сум спиела зашто трите деца имаа стомачен вирус.
Добив одговор сличен на твојот: „Кој те терал да раѓаш три деца? Молчи и трпи, сама си сакала вака“.
Во тој момент не знам дали бев бесна на себе што се пожалив на глас или на таа личност што коментираше“, стои во коментарите.
„Разочарана сум што вакви пораки испраќаат други жени“, вели друга следбеничка на Сузана.
A. J. | Црнобело