Како изгледала најпопуларната српска инфлуенсерка Дуња Јованиќ кога си ја „пробувала среќата“ како пејачка? (видео)
- Детали
- недела, 10 септември 2023
Таа е една од најпопуларните српски инфлуенсерки, а сега и претприемач со своја колекција BÉBÉ By Dunja. Во тинејџерските и студентските години си ја пробувала среќата како пејачка. Најчесто ја опишуваат како природна, прекрасна, спонтана и искрена. Но, како изгледала Дуња Јованиќ пред 10-тина години?
На Инстаграм ја следат повеќе од 350.000 луѓе, најмногу од регионот.
Пред неколку месеци, таа на својот Инстаграм профил сподели видео „Ова сум јас“ на кое прикажува како изгледа без филтри и шминка и отворено зборуваше како го прифаќа својот природен изглед и е против користењето на филтри на социјалните мрежи, затоа што тоа носи психички нарушувања.
Но, како јавна личност, наиде на низа негативни реакции за тоа дека сепак не е баш така, особено во нејзиниот случај, кога од нејзините настапи и фотографии од минатото, може да се заклучи дека Дуња сепак има направено корекции и третмани на нејзиното лице за да стигне до нејзиниот моментален изглед од кој е задоволна (а кои не се достапни за секого).
фото: скриншот YouTube
Факт е дека таа и сега честопати знае да си потпевнува особено додека е во автомобил, а публиката ја памети како тинејџерка која имала желба да си ја проба среќата и во музичките води, па на фестивал во Врњачка Бања (пред 14 години) има настапено со нејзина песна „Nevaljala“.
Си ја пробала среќата и на аудиција во музичка емисија за потрага по таленти.
Како највидлива промена на нејзиното лице е носот.
Dunja Jovanić nekada pic.twitter.com/7QW372MVBf
— lola lolic (@gimmemoregossip) August 14, 2023
Денес таа важи за вистинска трендсетерка и омилена модна блогерка на младите девојки во регионот која постојано прави трансформации на стилот.