Првата сопруга го остави за 15 години помлад стјуард, втората му го зема станот: Бурниот љубовен живот на Бранислав Лечиќ
Јавноста дозна за нивната врска дури откако водителката остана бремена со синот Лав, а се венчаа во октомври 2010-та година и направија свадба со околу 200 гости, во периодот кога Нина беше во третиот месец од бременоста.
Во април 2011-та година, тие двајца го добија синот Лав, а актерот присуствувал на породувањето, а потоа славел три дена.
Во следните неколку години се чинеше дека парот ужива во складен брак, па дури и кога во 2015-та година во медиумите беше објавена фотка на која се гледа како старлетата Атина Ферари му седи во скутот на Лечиќ, актерот рече дека тој воопшто не ја познава, а сопругата му веруваше.
Следната 2016-та година парот објави дека се разведува, затоа што актерот имал премногу обврски и немал време да му се посвети на семејството, а Нина седела постојано сама дома со синот.
Разводот беше финализиран во 2017-та година, а Нина го доби старателството над синот, како и станот во населбата Дедиње, за кој се верува дека чини околу 260 илјади евра.
Актерот секој месец плаќа алиментација од 350 евра.
Во 2021-ва година Лечиќ беше обвинет за силување од страна на актерката Данијела Штајнфилд која објави снимка кој тврдеше дека била направена додека тој ја силувал. Актерот потоа рече дека снимката е направена додека тие двајца вежбале за улоги.
Сите детали за секс скандалите на Лечиќ можете да ги прочитате ТУКА.
Б. С. Б. | Црнобело