Првата сопруга го остави за 15 години помлад стјуард, втората му го зема станот: Бурниот љубовен живот на Бранислав Лечиќ
- Детали
- сабота, 02 септември 2023
Српскиот актер Бранислав Лечиќ, во изминатите години беше во фокусот на јавноста откако неколку помлади колешки го обвинија за сексуално малтретирање и силување, а вистината е дека тој отсекогаш сакал да има врски со помлади жени, но немал премногу среќа во љубовта.
Брансилав Лечиќ е српски актер и режисер, кој ѝ добро познат на балканската и македонската публика по улогите во некои од култните српски филмови и претстави, а со години наназад привлекува внимание и со бурниот љубовен живот.
Во 1994-та година тој ја запознал и веднаш се вљубил во првата сопруга Ивана Вујадиновиќ, која е 18 години помлада од него. Заради големата разлика во годините, актерот морал да бара дозвола од патријархот Павле за црковна венчавка.
Парот заедно доби две деца, синот Иван (25) и ќерката Ана (23), но нивниот брак заврши во 2007-ма година.
Своевремено, во српските весници и таблоиди се пишуваше дека парот се развел откако таа го изневерила со 15 години помлад стјуард. Парот не се огласи за овие тврдења, но набрзо Ивана стапи во брак со својот помлад партнер.
Во вториот брак Ивана доби уште 3 деца, а најмалото дете го роди на возраст од 44 години.
Набрзо по разводот со Ивана, Бранислав започна врска со 31 година помладата водителка Нина Радуловиќ, која ја запознал во клуб, но парот долго време ја криеше врската од јавноста.
Во тоа време актерот одговори дека го привлекуваат помлади жени затоа што се полни со ентузијазам.