Заложничката драма која ја потресе цела Југославија: Во авионот меѓу киднапираните имаше познати актери, фудбалери и пејачи

Вратата низ која започнало бегството на киднапираните патници ја отворил Вукчевиќ.

„Во авионот со нас имаше една болна жена, која лежеше на носилка и бидејќи состојбата ѝ се влошуваше, мораше да ја извадат за да ѝ се укаже итна помош, барем така рече докторот. Затоа веќе беа спуштени скалите на задната врата.

Кога ја извлекоа надвор, во моментот кога почнаа да ги креваат скалите, некој извика „пожар“. Сите се свртевме во тој правец и навистина ни се чинеше дека избувнал пожар.

Подоцна, се испостави дека некој запалил мало парче весник, но тоа било доволно за да се шири чад низ авионот и да се создаде хаос. Во тоа лудило, ја отворив излезната врата во случај на опасност, излегов на крилото и оттаму почнавме да трчаме, бидејќи бевме на крајот од пистата“, се присетил Вукчевиќ.

ja-pametite-li-zaloznicka-drama-koja-ja-potrese-cela-jugoslavija-vo-avionot-megu-kidnapiranite-imase-poznati-akteri-fudbaleri-i-pejaci-06_copy.jpg

Интересното за ова киднапирање е што додека траело бегството екипажот на авионот максимално ги зголемил уредите за разладување, поради што кабината се наполнила со пареа, што ги убедило киднаперите дека навистина има пожар во авионот.

Киднаперите сфатиле дека целосно ја изгубиле контролата, на аеродромот во Ларнака и не ни направиле проблем при бегството, дури ни на оние патници кои биле помалку кондиционо подготвени за трчање од фудбалерите на „Будуќност“.

ja-pametite-li-zaloznicka-drama-koja-ja-potrese-cela-jugoslavija-vo-avionot-megu-kidnapiranite-imase-poznati-akteri-fudbaleri-i-pejaci-05.jpg

Авионот го киднапирале Боривоје Јелиќ и Мирко Крижиќ од Бјеловар и Милан Прпиќ од Ријека. Планот за киднапирање на авионот наводно го смислиле додека биле во затворот Лепоглава, а во акцијата им помогнал и Предраг Видаковиќ од Ријека.

Акцијата била финансирана од загрепскиот угостител Јосип Валентиќ, а логистичка поддршка добиле од Јелена Докмановиќ од Бјеловар. Се претпоставува дека токму Докмановиќ го донела оружјето на аеродромот во Титоград, а потоа мирно седнала меѓу киднапираните патници со кои подоцна избегала од авионот за Ларнака.

Поради киднапирањето, Јелиќ бил осуден на осум години затвор, Крижиќ на пет, Прпиќ на три, Видаковиќ на две, а Валентиќ на една и пол година. Поради недостиг на докази, Јелена Докмановиќ била ослободена, а Вукосав Балевиќ во својата книга напишал дека досието од судењето било запалено во 1992 година од непознати причини.

Според некои шпекулации, во оваа акција била вклучена и познатата германска терористичка група Бадер-Мајнхоф. Овој сомнеж го подгреа сведочењето на Јелиќ во емисијата „Голи живот“ на Миломир Мариќ, каде раскажал дека во затворот во Германија се сретнал со „некои луѓе“ од Бадер-Мајнхоф и под нивно влијание решил да киднапира авион со цел да се направи скандал.

Во книгата „Киднапирања и падови на југословенски авиони“ од д-р Вукосав Балевиќ, објавен е целосниот список на патници кои биле во авионот на YU-AKF.

ja-pametite-li-zaloznicka-drama-koja-ja-potrese-cela-jugoslavija-vo-avionot-megu-kidnapiranite-imase-poznati-akteri-fudbaleri-i-pejaci-07.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Архив Југославија



Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Јелена Карлеуша до хејтерите: „Жените на 45 години не се баби, можат да се сликаат како сакаат“ „Секојпат кога некој ќе ме навреди затоа што имам 45 години, јас слабеам уште 10...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Се прежени 40 дена по разводот и стана татко - Милош Тимотијевиќ на плажа со синот „Ништо не славев. Породувањето беше мошне напорно“ – изјави Милош Тимотијевиќ не...
Од таксист, до „крал на бакарот“ – Како Милан Поповиќ ги заработил милионите? Израснал со татко му на мала фарма. Додека работел како такси возач во Швајцариј...
„Цела година го крие разводот, арогантен е и тежок“ – Што велат соседите за разводот на Милан Калини... „Тој е успешен, познат, згоден, младите девојки го сакаат тоа. Немам убави зборо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg